Posts Tagged ‘Ѓумбир’


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Пиво или ракија никогаш не пијам! Поточно целосно сум скаран со алкохолот, кој не сум го сакал дури ни кога сум имал поинакви ставови за исхраната. Сепак, тоа не значи дека треба да се лишам од убаво, вкусно мезе. Разликата е во моментот кога го конзумирам.

Мезе од печени бамји

Мезе од печени бамји

На додатокот во дневната исхрана наречен мезе најчесто гледам како на дополнително внеусвање храна кога немаме многу потреба од јадење, односно во таков случај внесената храна ни е чиста занимација, убивање на досадата или придружник додека муабетиме со некого. Мезето исто така може да се вметне и како ужина за да се истрае до следниот пообилен оборк. (more…)

Read Full Post »


Откако го составив претходниот рецепт за лепчето од кисело тесто, добив доста критики дека сум објавил прекомплициран рецепт. Знам дека такво лепче ретко кој ќе се обиде да направи, но морав на некој начин да го искажам воодушевувањето од крајниот резултат.

Брза крем супа од тиква и моркови

Доволно беше експериментирање со ферментации и чекање по најмалку една недела да успее рецептот. Сега е сезона на тикви и ајде да ги искористиме за една убава, миризлива, брза и наједноставна супа полна со здравје. (more…)

Read Full Post »


Фалафел со два вида сосЗнам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои се одлични, макар што на моменти сметам дека голем дел ги фаворизираме по пат на инерција – затоа што сме навикнати на тие вкусови. (more…)

Read Full Post »


Потготовка на Ким-чиОваа година имав идеја да скиселам зелка. Татко ми е експерт за кисела зелка и побарав од него да ме научи на основните финти. Кога виде дека немам многу време да зе занимавам со таа проблематика, ми предложи тој да ми стави зелка за ферментација, но кога дојдовме до таа одлука, на пазар немаше убави зелки. И така мојата идеја си остана нереализирана. Веројатно зашто не сум знаел дека постои и пократка процедура.

Пребарувајќи по блоговите за готвење, минатиот месец наидов на една убава акција на група американски блогери кои организирале недела на ферментација. Одеднаш доживеав откровение! Ми се отвори нов свет. (more…)

Read Full Post »


Доооолго време се обидував да најдам рецепт, финта или што било за да добијам крцкави колачиња. Крцкавиот момент во колачите го прават маслото, путерот и сл., кои јас ги одбегнувам, посебно во загреана варијанта.

Посни крцкави колачиња

Најблиску до решението бев кога најдов рецепти за дехидрирани крекери, но дехидрирањето со отворена рерна по цели 6, 10 или 12 часови е нешто што не можам да си го дозволам и поради сметката за струја и поради нервите. Толку долго чекање не е за мене. (more…)

Read Full Post »


Салата од прокељ на пареаНеодамна пишував за мојата врска со боркулите и како успеав во сурова форма некако да ги внесам во исхраната. Слична ми е приказната и со прокељот. Искрено, пред да почнам подетално да ја испитувам здравата храна, не ни знаев што е прокељ. Во есен и зима гледав некои мали зелени на секоја втора тезга на пазар, ми наликуваа на зелчиња, ама многу интерес не ми предизвикуваа.

Така беше сѐ до пред некоја година кога некој продавач ми кажа дека се добри за здравјето, па почнав срамежливо да ги купувам и да им барам решение пред да скапат во фрижидер. Не знаев како да ги готвам и затоа фатив да ги малтретирам во турли тава, сѐ додека не сфатив дека препечени не личат на ништо. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: