Posts Tagged ‘Црвена пиперка’


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав?

bty

До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранија и крајниот резултат беше катастрофа. (more…)

Read Full Post »


Кој вика дека ако се храните брзо не смеете да конзумирате брза храна. Проблемот е што на поимот брза храна му е прилепена негативна конотација и секогаш кога ќе се спомне, помислуваме на дебели луѓе со нарушено здравје.

???????????????????????????????

Овие плескавици од елда (хејлда) ги откирв при случајно пребарување на интернет. Се потготвуваат релативно брзо, но добро е што можете да ги испечете и да ги чувате во фрижидер неколку денови (околу 3-4 дена) или да ги замрзнете, без да го сменат вкусот. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Пиперки поленти со урда од сончогледОбично не сакам да зборувам за замени на одредени продукти со други. Замените најчесто се користат кога сакате да примените некој начин на исхрана (на пример, вегански), па за да не направите голем грев, одите кон помал грев и јадете нешто што мислите дека е поисправно од оригиналот. Всушност со ваквата практика само се навлекувате на копијата, а всушност оригиналот ви недостасува уште повеќе. Така, ако избегнувате пржено месо, јадете пржен сејтан или пржени шницли од соја. Ако избегнувате похувано сирење, јадете похувано тофу. Ви се пие млеко и упорно се залажувате со инстант соино млеко во прав! (more…)

Read Full Post »


Прелив од пиперкиЕве една салата што е многу едноставна, а е многу вкусна. Ја смислив… кого лажам, идејата беше на мојата сопруга, а салатата се создаде сосема случајно. Еден од октомвриските празници, не знам точно кој беше, се трефна да се слави сред недела, така што не можевме да мрднеме никаде подалеку од Скопје. А времето прекрасно, како цел слободен ден да се преседи дома? Уште додека појадувавме (а со две мали деца тоа е долга фаза), ни се јавија пријатели што нѐ повикаа да им се придружиме на пикник во природа, покрај манастирот Св. Никита во Скопска Црна Гора. Ни кажаа дека има прекрасно зеленило, но планираат јадење да си носиме од дома. Одвај чекавме да прошетаме, но каде да се оди без потготвен ручек? (more…)

Read Full Post »


Многу често се случува да испробувам некој рецепт и во текот на изведбата од предвидениот да заскитам во сосема друг правец. Во ваквите случаи на крај се добива сосема ново јадење, коe само потсетува на оригиналното. Ризикот е што во ваквите ситуации од премногу експериментирање, на крај може да си останете и без предвиденото јадење! За среќа со моево малиџано не беше таков случајот. (more…)

Read Full Post »


Ако сакате да се придржувате до здравиот начин на исхрана, најголем проблем е одењето на гости. Моето искуство вели дека најдобро е каде и да одите да си носите некој продукт со чија потготовка нема да морате да ја окупирате цела кујна на домакинот кај кој престојувате. Гледајте тој продукт воедно да може да се комбинира, на пример, со зеленчук што со голема веројатност може да се најде скоро во секој дом. На тој начин вие ќе си се придржите до своите принципи за јадење, а нема да го навредите домакинот дека ништо не сте сакале да пробате од неговите ресурси со храна (најголема навреда во нашата традиција). (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: