Posts Tagged ‘Целер’


Слободно можам да кажам дека вистинскиот одмор за мене во лето не е официјалниот термин за летување, туку моментот кога децата некоја недела се кај баба и дедо. Е, тоа е вистински одмор! Одеднаш 90% од обрвските ги снемува, а почнувам и помалку да се дружам со кујната.

Освежителна салата со грав и ориз

Освежителна салата со грав и ориз

Во рамки на идејата „што помалку време во кујна, што поретко вклучен шпорет“, жена ми ми предложи додека сме сами, за ручек да потготвуваме некои салатки кои обично ги немаме на менито кога децата се дома. На тој начин би имале повеќе време за одмор и за прошетки надвор на убавото време. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така.

Солени бомбици од ориз со салса

Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот кога ќе посакам. Плус, на интегралниот ориз не му пречи во вкусот ако неколку денови постои во фрижидер, за разлика од белиот (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: