Posts Tagged ‘Ферментација’


Во лето имате страшна желба за таратор? Или сакате житарки со јогурт за појадок? Бакрдан со кисело млеко? Потсетување на детството со една убава пита со јогурт? Сега повторно можете да ги вратите овие вкусови на вашето мени и притоа да не чувствувате грижа на совест. Не, за вакво нешто не мора да се откажете од патот кон здравата исхрана и да се препуштите на обични јогурти и кисели млека. На могу едноставен начин можете да си ги направите дома од растителни продукти.

Jogurt01.jpg

На прва, воопшто не верував во растителни јогурти и кисели млека, веројатно затоа што го немав најдено вистинскиот рецепт. Главниот проблем е како да се почне, но откако ќе започнете, процедурата веќе е лесна. Ви предлагам и вие да го поминете истиот пат, па потоа да дојдете до овој едноставен рецепт за јогурт од соино млеко. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Пред некое лето за првпат се обидов да сушам на сонце зеленчук и овошје и обидот помина со среден успех. Поточно доматите фатив да ги сушам на крајот на август кога денот се намали, а ни сонцето не грееше толку силно, така што обидот беше неуспешен, односно најголем дел од доматите мувлосаа.

dav

Минатото лето се навратив на идејата додека во јули грееше како под вршник и овојпат исушив тони зеленчук за вегета и доста домати. Доматите, со исклучок на некој килограм што ми изгореа од директна изложеност на сонце и една тура што ми ја фати дожд, па морав да ја сушам со фен, останатите одлично се исушија. На толку мака, сушените домати ги сомлев и ги складирав за да ги употребувам во најисклучителни прилики. И тогаш пред мене се појави рецептот за ова сирење. (more…)

Read Full Post »


Долго време читам и слушам за лепче од кисел квасец, кисело тесто, како се одржува киселиот квасец, колку е корисно самокиснетото тесто итн, но никако немав храброст и време да испробам нешто такво.

Леб од кисело тесто

До сега овде имам објавено две скратени варинати на самокиснето тесто, едно обично лепче и едно макробиотичко со ориз, но онаа вистинската варијанта некако постојано ја одбегнував. (more…)

Read Full Post »


Потготовка на Ким-чиОваа година имав идеја да скиселам зелка. Татко ми е експерт за кисела зелка и побарав од него да ме научи на основните финти. Кога виде дека немам многу време да зе занимавам со таа проблематика, ми предложи тој да ми стави зелка за ферментација, но кога дојдовме до таа одлука, на пазар немаше убави зелки. И така мојата идеја си остана нереализирана. Веројатно зашто не сум знаел дека постои и пократка процедура.

Пребарувајќи по блоговите за готвење, минатиот месец наидов на една убава акција на група американски блогери кои организирале недела на ферментација. Одеднаш доживеав откровение! Ми се отвори нов свет. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: