КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!! Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа штоПродолжи со читање “КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ”

СНИКЕРС ПЛОЧКИ


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“ Аха,Продолжи со читање “СНИКЕРС ПЛОЧКИ”

КАРАМЕЛ ТОРТА


Знам само дека помина уште една година и следната е со нова бројка – 2015-та. Технички е така, а во главата имам впечаток како годинава да траеше не 12 месеци, туку 12 денови – толку бргу ми летна. Всушност кога ќе подразмислам подетално и кога ќе разгледам некои фотографии, забележувам дека многу работи се случувале,Продолжи со читање “КАРАМЕЛ ТОРТА”

МЛЕЧЕН КРЕМ СЛАДОЛЕД


Синоним за лето, нормално, покрај лубеници, сонце и плажа е и поимот сладолед. Неколку топчиња од ова смрзнато чудо и веднаш ви се враќа енергијата! Не сакам да ја расипувам убавата слика, ама ретко додека јадеме сладолед се подзамислуваме што всушност содржи.

ШАРЕНИ ЧИЗКЕЈК ТОРТИЧКИ ОД ЈАГОДИ


Сезона на јагоди. Во мојот дом ги има во секое време и ретко кога еден килограм преживува повеќе од еден ден. Значи за да направам слатки од јагоди, треба некаде да ги скријам, за никој да не ги здогледа и да ги лапне, пред јас да си го остварам мојот план. Во втората тура одПродолжи со читање “ШАРЕНИ ЧИЗКЕЈК ТОРТИЧКИ ОД ЈАГОДИ”

БАНАНА МАФИНИ


Понекогаш не знам дали на светов постои понеогрнизиран човек од мене, посебно пред важен настан. Ние, екипата што учествуваше на Вегефест во октомври минатата година, пред извесно време бевме дел и од хуманитарен настан, од кој комплетното мени можете да го најдете овде. До неодамна, никогаш во животот немав направено мафини, нити конвенционални (во претходниотПродолжи со читање “БАНАНА МАФИНИ”

ЛЕШНИКОВА ТОРТА СО ТРИ СЛОЈА


Обично собирам купишта рецепти. Секогаш кога ќе забележам некој интересен, веднаш го сместувам во посебен фолдер да си го чека редот. А реалноста вели дека 90% од рецептите никогаш не си го дочекуваат редот. Си остануваат складирани без некој да ги погледне. Затоа кога за некоја посебна пригода барам да направам нешто посебно, од хаотичниотПродолжи со читање “ЛЕШНИКОВА ТОРТА СО ТРИ СЛОЈА”

НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ


Веќе спомнав дека оваа година место торта, си направив роденденски колачи, чисто за да разбијам клише. Луѓето што ме познаваат знаат дека сум цепидлака (се извинувам за употребата на немакедонски збор), па не беа многу изненадени кога им кажав дека фатив да ги правам овие колачи. Всушност си ги сметам за успех, затоа што неПродолжи со читање “НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ”

ЧОКОЛАДНО ПАРФЕ СО КАПИНКИ


Можeби ќе звучи малку чудно, ама никогаш до сега не сум пробал парфе во оригинална варијанта, или барем не се сеќавам дека сум пробал. Поради тоа, кога жена ми првпат ми предожи да напарвиме парфе за мојата роденденска мини прослава, не знаев ни како изгледа ни што треба на крај да постигнам со рецептот. БлагодарејќиПродолжи со читање “ЧОКОЛАДНО ПАРФЕ СО КАПИНКИ”

ТУФАХИЈА БОМБИЦИ


Летото асоцира на сокови, на сладолед, на мнооогу овошје, на лубеници, само треба да се направи вистинскиот избор и летото ќе значи уживање, а не покачување на телесната тежина. Летото исто така значи и сушење овошје и зеленук и ферментација. За овој рецепт најбитни ни се правењето сок и сушењето. Зошто да се купува „100%Продолжи со читање “ТУФАХИЈА БОМБИЦИ”