Posts Tagged ‘Таан’


Полека изминува сезоната на модрите патлиџани, па малку задоцнето, еве предлог како да ги искористите, макар што веќе потешко се наоѓаат на пазар. Рецептот го објавувам и затоа што добро ќе им дојде на оние кои си замрзнале за зимница печени модри патлиџани.

Паштета од модар палиџан

Составот за паштетата е моја слободна интерпретација, откако на крајот од летото, при едно расчистување на фрижидерот, забележав дека сум купил и сум подзаборавил еден убав, голем модар патлиџан. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Хумусот е мачкало кое во секој момент треба да се има во фрижидер. Најлесно се употребува за појадок, ручек или вечера, како дел од сендвич, дел од главен оброк или самостојно со салата.

Хумус (основна варијанта)

Често правам варијации на тема хумус, затоа што и самиот рецепт нуди доста креација. Може да се додаваат и да се одземаат состојки, а може да се направи и со различни зачини, според вкусот. (more…)

Read Full Post »


Крајот на летото, почетокот на есента веројатно е најубавиот период од годината во однос на свежи плодови. По пазарите понудата е најголема и најшарена, па не е случајно што нашиот народ по традиција зимници потготвува токму во овој дел од годината.

Баба гануш

Модриот патлиџан задолжително употребувајте го во кобинации од типот на пинџури, како додаток на чорби или закиселен, но имајте предвид дека од него се прават и вкусни мачкала, како што е баба гануш. (more…)

Read Full Post »


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така.

Солени бомбици од ориз со салса

Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот кога ќе посакам. Плус, на интегралниот ориз не му пречи во вкусот ако неколку денови постои во фрижидер, за разлика од белиот (more…)

Read Full Post »


Хумус без мешункиМеѓу работите што можам да ги јадам во секое време е хумусот. Практичен е како мачкало за сенвич, ако планирате да одите некаде и сакате да си понесете јадење со себе, заситува како за ручек, а може да помине и како вечерен оброк. Јас би го имал нон-стоп во фрижидер… само да не постоеше еден битен проблем – киснењето. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Паштета од грашокЈа знаете приказната за штурецот и мравката? Преку лето штурецот си свирел, а мравката се потготвувала за зима. Кога дошла зимата, штурецот немал ништо за јадење,  а мравката кеиф си терала. Муабетот ми е следниов – кој си има зимница и сред зима ќе ги почувствува вкусовите на летото. Овој рецепт е наменет за сите оние кои си имаат замрзнато грашок, а сакаат да го потготват на поздрав начин кој нема да вклучува крчкање и оштетување на овој зеленчук/мешунка. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: