Posts Tagged ‘Сушени домати’


Пред некое лето за првпат се обидов да сушам на сонце зеленчук и овошје и обидот помина со среден успех. Поточно доматите фатив да ги сушам на крајот на август кога денот се намали, а ни сонцето не грееше толку силно, така што обидот беше неуспешен, односно најголем дел од доматите мувлосаа.

dav

Минатото лето се навратив на идејата додека во јули грееше како под вршник и овојпат исушив тони зеленчук за вегета и доста домати. Доматите, со исклучок на некој килограм што ми изгореа од директна изложеност на сонце и една тура што ми ја фати дожд, па морав да ја сушам со фен, останатите одлично се исушија. На толку мака, сушените домати ги сомлев и ги складирав за да ги употребувам во најисклучителни прилики. И тогаш пред мене се појави рецептот за ова сирење. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Хумус без мешункиМеѓу работите што можам да ги јадам во секое време е хумусот. Практичен е како мачкало за сенвич, ако планирате да одите некаде и сакате да си понесете јадење со себе, заситува како за ручек, а може да помине и како вечерен оброк. Јас би го имал нон-стоп во фрижидер… само да не постоеше еден битен проблем – киснењето. (more…)

Read Full Post »


Фалафел со два вида сосЗнам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои се одлични, макар што на моменти сметам дека голем дел ги фаворизираме по пат на инерција – затоа што сме навикнати на тие вкусови. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Проја од просо со праз и кариПроја секогаш сакам да правам затоа што е одличен изум за секоја прилика. На пример, кога ќе ја направам имам доволно за посодржаен појадок, одлично оди со салата за ручек, па ако малку остане, зошто да не се искористи и за вечера.

Пројата во нашата кујна обично се прави од пченкарно брашно, а некаде прочитав дека пројата всушност оригинално се правела од просо. Не ми е јасно во кој дел од историјата сме почнале да го занемаруваме просото, но сигурен сум дека претставува неправедно запоставена житарка. (more…)

Read Full Post »


Пиперки поленти со урда од сончогледОбично не сакам да зборувам за замени на одредени продукти со други. Замените најчесто се користат кога сакате да примените некој начин на исхрана (на пример, вегански), па за да не направите голем грев, одите кон помал грев и јадете нешто што мислите дека е поисправно од оригиналот. Всушност со ваквата практика само се навлекувате на копијата, а всушност оригиналот ви недостасува уште повеќе. Така, ако избегнувате пржено месо, јадете пржен сејтан или пржени шницли од соја. Ако избегнувате похувано сирење, јадете похувано тофу. Ви се пие млеко и упорно се залажувате со инстант соино млеко во прав! (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: