Posts Tagged ‘Сусамово семе’


Салата од прокељ на пареаНеодамна пишував за мојата врска со боркулите и како успеав во сурова форма некако да ги внесам во исхраната. Слична ми е приказната и со прокељот. Искрено, пред да почнам подетално да ја испитувам здравата храна, не ни знаев што е прокељ. Во есен и зима гледав некои мали зелени на секоја втора тезга на пазар, ми наликуваа на зелчиња, ама многу интерес не ми предизвикуваа.

Така беше сѐ до пред некоја година кога некој продавач ми кажа дека се добри за здравјето, па почнав срамежливо да ги купувам и да им барам решение пред да скапат во фрижидер. Не знаев како да ги готвам и затоа фатив да ги малтретирам во турли тава, сѐ додека не сфатив дека препечени не личат на ништо. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Маринирани свежи брокулиЈас и брокулата имаме чудна врска. Некогаш се сакаме, некогаш не сакаме да се видиме. Јасно ми е дека брокулата е суперхрана, но некогаш имам проблем да ја конзумирам во сурова варијанта. Варена на пареа би ја јадел во секој момент, ама за сурова… не е баш така. Мислам, ако почнам да ја грицкам, сфаќам дека и необработена има убав вкус, но не можам да се натерам да почнам со нејзино вметнување во некоја салата или оброк. А сакам свежата брокула да ми зафаќа некое делче од чинијата! (more…)

Read Full Post »


Енергетски плочкиОткако се решив да си го сменам начинот на исхрана, сфатив една битна работа – читање етикети на производи. Макар што во западно-европските земји дозволено е произведувачот да не наведе некои од состојките на производот што го продава, а кај нас многу често не ни стои информација за составот, сепак од етикетите може многу да се дознае за квалитетот на она што се купува. Еден поглед и одеднаш ќе се најдете во река поими кои почнуваат со Е, а зад кои многу често се кријат опасни хемикалии, вештачки засладувачи, па дури и преработена свинска маст. Уште полоша варијанта е кога еден производ се пласира како здрава храна, а е збогатен со вештачки витамини. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: