Posts Tagged ‘Соја сос’


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. (more…)

Read Full Post »


И по месец и половина од одржувањето на Вегефест, впечатоците и мубетите никако да стивнат. Причината е јасна: ние, петмина случајни готвачи аматери, добивме шанса да се претставиме пред јавност со нашата умешност.

Дружината Братско стебло

Потготвителните муабети ни се движеа од: „Да, супер ќе поминеме“, до: „Замислете никој ништо да не сака да проба?“ За среќа, за нашите специјалитети имаше огромен интерес. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Салата од леќа и оризКога сакате да применувате растителна исхрана веднаш околу вас се крева прашина како ќе внесувате протеини. Веројатно уште не е јасно дека месото не е единствениот извор на протеини. Плус, на нашиот организам не му требаат готови протеини, какви што се во месото, туку потребни му се амино киселини за да создаде протеини. Расправата да им ја оставиме на стручњаците, а ние доволно е да сфатиме дека извори на протеини можат да бидат и растенијата, како на пример мешунките. (more…)

Read Full Post »


Салата од прокељ на пареаНеодамна пишував за мојата врска со боркулите и како успеав во сурова форма некако да ги внесам во исхраната. Слична ми е приказната и со прокељот. Искрено, пред да почнам подетално да ја испитувам здравата храна, не ни знаев што е прокељ. Во есен и зима гледав некои мали зелени на секоја втора тезга на пазар, ми наликуваа на зелчиња, ама многу интерес не ми предизвикуваа.

Така беше сѐ до пред некоја година кога некој продавач ми кажа дека се добри за здравјето, па почнав срамежливо да ги купувам и да им барам решение пред да скапат во фрижидер. Не знаев како да ги готвам и затоа фатив да ги малтретирам во турли тава, сѐ додека не сфатив дека препечени не личат на ништо. (more…)

Read Full Post »


Сигурно ви е добро позната онаа ситуација кога од толку што ви е здодевно, вртите по ТВ каналите и загледувате некој толку глупав филм што подоцна ви е срам и на самите себеси да си признаете дека сте го изгледале. Такво нешто ми се случи викендов кога налетав на „Лажго, лажго“ со Џим Кери. Филмот можеби беше глупав, ама откако го изгледав ми светна идеја во главата: лажењето не е секогаш негативна работа. Понекогаш ни треба и по некоја „бела лага“.

„Варен“ спанаќ

Имајќи предвид дека ова не е блог за коментирање филмови, да го свртиме муабетот кон здравата исхрана. Понекогаш колку и да сакате здраво да се храните, посакувате да има некој подекадентен вкус, односно да си се излажете себеси. Поточно сакате да има, на пример, вкус на путер, а јадењето да не содржи путер. Или сакате подобарен зелен зеленчук, ама сепак да не биде термички обработен. Да јадете тестенини, ама подоцна да не ви проработи совеста дека сте направиле лош избор за оброк. И на крај да си зготвите нешто вкусно, ама да не изгубите повеќе од 15 минути во кујна. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: