Posts Tagged ‘Соино млеко’


Во лето имате страшна желба за таратор? Или сакате житарки со јогурт за појадок? Бакрдан со кисело млеко? Потсетување на детството со една убава пита со јогурт? Сега повторно можете да ги вратите овие вкусови на вашето мени и притоа да не чувствувате грижа на совест. Не, за вакво нешто не мора да се откажете од патот кон здравата исхрана и да се препуштите на обични јогурти и кисели млека. На могу едноставен начин можете да си ги направите дома од растителни продукти.

Jogurt01.jpg

На прва, воопшто не верував во растителни јогурти и кисели млека, веројатно затоа што го немав најдено вистинскиот рецепт. Главниот проблем е како да се почне, но откако ќе започнете, процедурата веќе е лесна. Ви предлагам и вие да го поминете истиот пат, па потоа да дојдете до овој едноставен рецепт за јогурт од соино млеко. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста. (more…)

Read Full Post »


Овој период ми беше доста турбулентен – гостување на телевизија, учество на Вегефест, плус пропратни обрвски и сетоа тоа резултираше со мојата најлоша навика – кратење на времето за спиење. По неколку супер активни месеци, сега кога имам повеќе слободно време не знам ни што да правам со него.

Макарони со топено сирење

Макарони со топено сирење

За гостувањето на телевизија Телма од мене беше побарано да зборувам за искуствата со веганската исхрана и да претставам еден вегански рецепт. Знаејќи дека прилогот ќе го гледа веројатно популација која повеќе е исплашена отколку потготвена да ја прифати посната храна за свој животен стил, решив да претставам рецепт кој ќе докаже дека здравата храна не значи нешто блуткаво и здодевно – макарони со топено сирење (кај нас познато како зденка). (more…)

Read Full Post »


Со оваа варијација на тема варени ѓевреци мислам дека поставив личен  рекорд како најчесто испробан рецепт за најкратко време.

Меки варени ѓевреци

Во еден момент на губење време, чепкав да разгледам што има ново на интернет и случајно налетав на ѓевреци кои изгледаа доста примамливо на фотографиите. (more…)

Read Full Post »


Пред извесно време го прегледував блогов, малку се посмеав од старите фотографии, листав што се сум објавувал и кои рецепти сум ги подзаборавил и на крај дојдов до страшен податок: никаде немам јадење со компири.

Печени компири со крем сос од наут

Не знам зошто сум ги запоставил кога редовно ги јадам. Компирот е идеална замена за оние, на пример, што имаат проблем со глутен, а се навикнати на леб со секое јадење. (more…)

Read Full Post »


Понекогаш не знам дали на светов постои понеогрнизиран човек од мене, посебно пред важен настан. Ние, екипата што учествуваше на Вегефест во октомври минатата година, пред извесно време бевме дел и од хуманитарен настан, од кој комплетното мени можете да го најдете овде.

Банана мафини

До неодамна, никогаш во животот немав направено мафини, нити конвенционални (во претходниот живот), нити во посна варијанта. Пресвртот се случи откако најдов интересни калапи за мафини, а тоа се поклопи и со повторното откирвање на рецепт што сум го имал зачувано во мојот, веќе неколку пати спомнат, хаотичен фолдер. Буквално ми излегоа пред очи истовремено со новите калапи. (more…)

Read Full Post »


Ова е веројатно прв и едниствен пат на блогов да се зборува за алкохол! Нова година, Божиќ, празници и славења еден куп, па кај мене дома се одлучивме да испробаме баш класична празнична трпеза со руска салата (овојпат со мајонез од компири), торта и малку алкохол.

Коко-ликер

Со алкохолот сум сосема скаран и од сите видови сакам да пробам само вино, ако е доволно благо и задолжително да е домашно. Добро, ни некој убав ликер не е на одмет, ама само во многу мала доза. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: