Полека изминува сезоната на модрите патлиџани, па малку задоцнето, еве предлог како да ги искористите, макар што веќе потешко се наоѓаат на пазар. Рецептот го објавувам и затоа што добро ќе им дојде на оние кои си замрзнале за зимница печени модри патлиџани.
Составот за паштетата е моја слободна интерпретација, откако на крајот од летото, при едно расчистување на фрижидерот, забележав дека сум купил и сум подзаборавил еден убав, голем модар патлиџан. (more…)