Posts Tagged ‘Пченка’


Пролетно рижото со диво нанеВеќе еднаш имам спомнато дека најголем проблем со исхраната ми е кога ќе отидам негде на гости. Сликата е ваква: прво влегување и сите ве нудат со мезиња и алкохолни и безалкохолни пијалоци, а вие само одбивате и го фрустрирате домаќинот како да ви го подоги вкусот. Претпоследниот предлог обично е водичка со лимонче, а кога ќе кажете дека навистина во моментот ништо не ви се пие нити ви се јаде, самоволно ви налеваат минерална вода. (more…)

Read Full Post »


Салата со фиде од зеленчукМи помина еден подолг период во кој се посветив на мојата втора професија, преведувањето. Ова беше за да се оправдам зошто ме снемува од време на време. Завршетокот на овој период сакав да го прославам со пост за мојата омилена салата во последно време. Прво, морам да ви раскажам како се создаде салатата.

Моја главна инспирација повторно беше составувањето брз оброк за сите оние кои не сакаат да поминуваат многу време во кујна. (more…)

Read Full Post »


Руска салата со тофу мајонезКонечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишна традиција наречена Руска салата. Не е чудно што едно испитување вели дека околу новогодишните празници во просек додаваме по 2-3 килограми. И тоа не е страшна бројка. Пострашно е што во текот на годината место да ги отстраниме, ние трупаме уште некој килограм и сѐ така до следната Нова Година. Заклучок: секоја година сме сѐ подебели, а дел од нашите непријатели е и гореспоменатата, Руска. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: