Posts Tagged ‘Пченкарно брашно’


Кога станува збор за исхраната, тема на која има да изначитате рекорден број за и против аргументи е лебот. Едно време благословуван, денес пред се напаѓан и омаловажуван. Лебот дебелее, лебот не е здрав, јадењето леб е грев, лебот е полн со глутен, кој му штети на организмот, затоа треба да се исфрли… итн итн.

Мешан леб со кисел квасец

Мислам дека во целата оваа ситуација пак мешаме баби и жаби. Поточно, белиот леб на својот брат, вистинскиот леб му направи многу лоша услуга и му го сруши сето реноме што го имал со години. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Во последно време многу често среќавам луѓе алергични на глутен, како алеријата од глутен да стана некој вид тренд на денешницата. За да не излезе дека ќе мора да се откажете од многу задоволства ако си ја имате оваа мака, еве палачинки за вас.

Безглутенски палачинки од пченкарно брашно

Ова се од оние кај нас познати како американски палачинки, односно повеќе наликуваат на мали лепчиња, отколку на нашите класични палачинки. (more…)

Read Full Post »


Милион пати сум кажал, сакам едноставни и брзи јадења. Знаете, од оние влегувате во кујна, на брза рака ги составувате, без многу сечкања, крчкања и слично, потпекувате додека да ја потготвите масата за ручек, правите една салата – и ручекот е готов.

Пченкарна пица

Еве еден малку необичен начин на правење пица, односно ова е некој премин меѓу проја и пица, чија потготовка нема да ви одземе многу време. Дозата за која ви зборувам овде всушност е доволна за двајца, нешто што не го предвидов кога првпат ја правев и кога моите деца побараа да пробаат. (more…)

Read Full Post »


Доооолго време се обидував да најдам рецепт, финта или што било за да добијам крцкави колачиња. Крцкавиот момент во колачите го прават маслото, путерот и сл., кои јас ги одбегнувам, посебно во загреана варијанта.

Посни крцкави колачиња

Најблиску до решението бев кога најдов рецепти за дехидрирани крекери, но дехидрирањето со отворена рерна по цели 6, 10 или 12 часови е нешто што не можам да си го дозволам и поради сметката за струја и поради нервите. Толку долго чекање не е за мене. (more…)

Read Full Post »


Кога имате многу обврски, посебно ако имате неормално работно време, најтешко е да се следи некој режим на исхрана. Дополнително на ова, кога некој е прегладнет, од каде па да мисли што е здраво, а што не е здраво. Во таква ситуација обично се става во уста тоа што е прво достапно – преработена храна од продавница. Затоа најчесто гледам да најдам рецепти што ќе се вклопат во денешниот начин на живот, а притоа да не отстапуваат од моите принципи на исхрана. За да се направи интегрален или макробиотски леб потребно е многу време, затоа пронајдов одлична проја која се прави брзински, а потоа пресечена на парчиња може да се замрзне. Испробав и тоа дека ваката проја се уште е вкусна и кога ќе се одмрзне, така што може да се искомбинира со некое брзинско мачкало. Има и побрза варијанта – парче проја со домат, краставица, кромид и маслика. Ете ви фаст фуд без лоши последици за здравјето! (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: