Posts Tagged ‘Путер од кикиритки’


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!! (more…)

Read Full Post »


Декемрви… зима… на моменти ми студи само што ќе погледнам надвор. Очигледно е дека во зима  не се снаоѓам баш најдобро. На ова тмурно и магловито време, човек треба да подразмисли десетина пати пред да се реши да излезе надвор.

Крем супа со мирис на босилок

Во овој период од годината, најидеална ситуација е да си се подвиткате дома под ќебе, земајте една убава книга во раце, а покрај вас нека испарува миризлива, вкусна чорба.  (more…)

Read Full Post »


Можeби ќе звучи малку чудно, ама никогаш до сега не сум пробал парфе во оригинална варијанта, или барем не се сеќавам дека сум пробал. Поради тоа, кога жена ми првпат ми предожи да напарвиме парфе за мојата роденденска мини прослава, не знаев ни како изгледа ни што треба на крај да постигнам со рецептот.

Чоколадно парфе

Благодарејќи на верните пријатели Google и Wikipedia забележав дека овој француски десерт во оригинал вклучува, покрај другите состојки, и јајца, млеко, многу шеќер и алкохол, нешта кои на мои забави не се служат! (more…)

Read Full Post »


Сладолед од јагодиПред некое време пронајдов неколку рецепти кои се прават со путер од кикиритки. Ми се причинија вкусни, па се решив да побарам ваков путер по нашите маркети. Ретко купувам путер од кикиритки, а оној што го купувам е од македонско произвотсво, но е направен од печени кикиритки. Поради тоа и избегнувам често да го употребувам. Но при сегашнава потрага никаде не можев да го најдам. Понајдов путери од српско и американско потекло со куп Е-состојки и траги од млеко, шеќер и разни чуда, а за цената воопшто да не зборувам. Тотално изнервиран од ваквата ситуација си реков: ќе се обидам да направам домашен путер од кикиритки. Ако успее – успее, ако не успее, мелените кикиритки ќе ги ставам во салата и ништо зијан нема да отиде. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: