Posts Tagged ‘Путер од бадеми’


Следам блогови за растителна исхрана од целиот свет, но најмногу од САД. Американските блогери овој тип на исхрана го имаат доведено на исто ниво како конвенционланата, односно скоро и да нема некој познат или нивни традиционален рецепт што не е претворен во милион растителни варијанти.

Amerikanska pita od tikva01.JPG

Се прашувам, зошто ние ретко се трудиме нашите традиционални рецепти да ги трансформираме во некоја поздрава варијанта и за тоа да пишуваме, да објавуваме фотографии и да дискутираме? Ама тоа е некоја друга тема. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Знам, ме нема долго време. Многумина ми забележаа што сосема го запоставив блогот, посебно оние кои сакаат да испробаат поздрав начин на исхрана. Можеби причина беа обврските, а можеби и немав некоја голема инспирација за пишување, но сега еве ме пак! И тоа се враќам со чоколадна торта.

All-focus

Во овој период додека ме немаше со нови рецепти, всушност многу читав за готвење и гледав куп емисии и шоуа и дознав многу работи што воопшто не ми беа разјаснети, пред се во областа на слатките. Сфатив едно нешто, за да знам да изведам некој рецепт во поздрава варијанта, прво треба да видам или да научам како се прави конвенционално. (more…)

Read Full Post »


Веќе спомнав дека оваа година место торта, си направив роденденски колачи, чисто за да разбијам клише. Луѓето што ме познаваат знаат дека сум цепидлака (се извинувам за употребата на немакедонски збор), па не беа многу изненадени кога им кажав дека фатив да ги правам овие колачи.

Непечени лава колачи

Всушност си ги сметам за успех, затоа што не знаев дали ќе успеам да го постигнам ефектот од обичните лава колачи, кои, на крајот на краиштата може да се купат од маркет како готова смеса која треба само кратко да се потпече. Ама тоа не е интересно. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: