Posts Tagged ‘Просо’


Веќе спомнав дека некое време копам по книгите на д-р Џон МекДугал и веќе почнав да готвам некои од неговите рецепти. Често, голем дел од рецептите ги прилагодувам според вкусот на моето семејство, макар што вкусни се и онака како што се дадени во книгите.

Tava so oriz02.jpg

Во книгата „МекДугал програма за максимално губење тежина“ има цела програма и рецепти кои треба да ви осигураат сигурно и здраво слабеење. Жена ми за 2-3 недели  придржување до принципите на програмата (не премногу строго, да бидам искрен) симна 5 кг, а претпоставувам дека и повеќе може да се ослабне, ако сте доволно дисциплинирани. (more…)

Read Full Post »


Скоро безглутенски лебЛебот на македонското мени го има во секоја варијанта и во секоја пригода – за појадок, за ручек, за вечера, а во меѓувреме и во вид на некоја кифла за ужина. Луѓе не седнуваат да јадат без леб како придружба на оброкот. Од друга страна, лебот е и најнапаѓан производ од исхраната. Секој веднаш штом почнува диета, прво за што размислува е исфрлањето на лебот. Лебот се поврзува и со неподносливоста на глутен, односно станува скриено задоволство, нешто што гледаме да го избегнеме, а сепак сакаме да го јадеме. (more…)

Read Full Post »


Проја од просо со праз и кариПроја секогаш сакам да правам затоа што е одличен изум за секоја прилика. На пример, кога ќе ја направам имам доволно за посодржаен појадок, одлично оди со салата за ручек, па ако малку остане, зошто да не се искористи и за вечера.

Пројата во нашата кујна обично се прави од пченкарно брашно, а некаде прочитав дека пројата всушност оригинално се правела од просо. Не ми е јасно во кој дел од историјата сме почнале да го занемаруваме просото, но сигурен сум дека претставува неправедно запоставена житарка. (more…)

Read Full Post »


Зимска салатаБаш ми е жал што полека изминува сезоната на тиквите. Одлични се и за во солени и за во слатки комбинации. Што би се рекло, како да се најадете, а да не внесете многу калории? Одговорот е – тиква.

Како се создаде оваа салата? Како и повеќето рецепти кои ги применувам. Дома имав вишок тиква со која не знаев што да правам. Се сетив и дека долго време си немав сварено просо. Една мала консултација со Google и најдов еден куп комбинации со просо и тиква, но оваа ми се чинеше најинтересна, пред сѐ затоа што е мешавина на вкусови. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: