Posts Tagged ‘Праз’


Кој вика дека ако се храните брзо не смеете да конзумирате брза храна. Проблемот е што на поимот брза храна му е прилепена негативна конотација и секогаш кога ќе се спомне, помислуваме на дебели луѓе со нарушено здравје.

???????????????????????????????

Овие плескавици од елда (хејлда) ги откирв при случајно пребарување на интернет. Се потготвуваат релативно брзо, но добро е што можете да ги испечете и да ги чувате во фрижидер неколку денови (околу 3-4 дена) или да ги замрзнете, без да го сменат вкусот. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Проја од просо со праз и кариПроја секогаш сакам да правам затоа што е одличен изум за секоја прилика. На пример, кога ќе ја направам имам доволно за посодржаен појадок, одлично оди со салата за ручек, па ако малку остане, зошто да не се искористи и за вечера.

Пројата во нашата кујна обично се прави од пченкарно брашно, а некаде прочитав дека пројата всушност оригинално се правела од просо. Не ми е јасно во кој дел од историјата сме почнале да го занемаруваме просото, но сигурен сум дека претставува неправедно запоставена житарка. (more…)

Read Full Post »


Супа од наут и празВреме е да ви ја претставам најубавата крем супа на сите времиња (ако се исклучи крем супата од тиква). Ајде вака да почнам со приказнава, односно да ви објаснам зошто толку ми се слади последниот оваа и онака прекрасна чорба. Отидов на Питијада во мојот роден Велес. Бело тесто, сало и убиени животни (т.н. месо) на сите страни. А што правев јас на Питијада, кога раскрстив со питите пастрмајлии? Бев заангажиран околу музичкиот дел, но на крај излезе да соберам толку многу студ, па стопати се покајав што ја прифатив понудата.

Спас кога сте измрзнати е една убава супа, како што е оваа, направена од праз и наут. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: