Posts Tagged ‘Пиперки’


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така.

Солени бомбици од ориз со салса

Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот кога ќе посакам. Плус, на интегралниот ориз не му пречи во вкусот ако неколку денови постои во фрижидер, за разлика од белиот (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Милион пати сум кажал, сакам едноставни и брзи јадења. Знаете, од оние влегувате во кујна, на брза рака ги составувате, без многу сечкања, крчкања и слично, потпекувате додека да ја потготвите масата за ручек, правите една салата – и ручекот е готов.

Пченкарна пица

Еве еден малку необичен начин на правење пица, односно ова е некој премин меѓу проја и пица, чија потготовка нема да ви одземе многу време. Дозата за која ви зборувам овде всушност е доволна за двајца, нешто што не го предвидов кога првпат ја правев и кога моите деца побараа да пробаат. (more…)

Read Full Post »


Преку лето на пазар може да се види вистински рај – еден куп свежи овошја и зеленчуци, просто да не знае човек од што да одбере. Згора на тоа, и цените се сосема пристапни, така што ми се случува да поминам денови скоро исклучиво на сурова храна, можеби понекогаш со мали примеси од потсварен ориз, мешунка или некоја јатка. И толку. Домати, кромид, краставица, тиквичка и пиперки се задолжителни кај мене во фрижидер.

„Пржен“ пинџур

Сепак, морам да признаам дека не сум расчистил со традицијата, така што понекогаш имам потреба да си направам и пинџур. Смислив пинџур кој толку ми стана хит сезонава, што решив да го споделам на блогов. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: