Posts Tagged ‘Печурки’


Долго време не се ни обидував да направам лазања, затоа што не верував дека може да се состави од поздрави состојќи, воопшто да не се употреби масло, а да се добие богат вкус.

All-focus

Знам само дека кога првпат ја направив, дојдов од работа многу гладен и изедов малку повеќе, па во остатокот од денот не ни помислив на јадење. (more…)

Read Full Post »


Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме.

Mesan zelencuk09.jpg

Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејако сонцето, а кога сум на плажа гледам што е можно повеќе да го искористам времето за сончање. А кога сум дома го влечам максимумот од сонцето –сушам зеленчук! (more…)

Read Full Post »


И по месец и половина од одржувањето на Вегефест, впечатоците и мубетите никако да стивнат. Причината е јасна: ние, петмина случајни готвачи аматери, добивме шанса да се претставиме пред јавност со нашата умешност.

Дружината Братско стебло

Потготвителните муабети ни се движеа од: „Да, супер ќе поминеме“, до: „Замислете никој ништо да не сака да проба?“ За среќа, за нашите специјалитети имаше огромен интерес. (more…)

Read Full Post »


Откако почнав во мојата исхрана почесто да вметнувам свежа (термички необработена) храна, открив дека суровите шампињони имаат навистина убав вкус. Претходно ова не го знаев, веројатно затоа што не сум ни пробал. Почнав печурките да ги грицкам како додаток на некој оброк или ги да ги вметнувам во зелена салата. Зелена салата со шампињони – имате двојна корист: се снабдувате со протеини, а печурките убаво ќе ве заситат. На тој начин ќе можете да се пофалите дека оброкот сте го поминале со зелена салата, а притоа не сте останале гладни. Сето ова си е ОК, ама некогаш имате потреба од варијации на тема печурки. Маринираните што се продаваат по маркетите за мој вкус се одвратни, а да не зборуваме дека се полни и со конзерванси. Затоа решив со помош на најисцрпниот готвач Google да пронајдам домашен начин на маринирање печурки. Не можам да се сетам каде, ама наидов на овој рецепт кој малку го модифицирав од оригиналниот со тоа што додадов повеќе печурки, а намалив на количеството масло. Резултатот беше одличен!
(more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: