ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА


Наутро, прво прашање – што за појадок? Што се однесува до појадокот знам да се се фатам за едно јадење и истото да го повторувам додека не ми досади. Првично кога се запознав со овесните снегулки (години, години наназад) ги јадев накиснати во јогурт со јаболко и банана. И само таа варијанта. Кога го исфрливПродолжи со читање “ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА”

КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!! Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа штоПродолжи со читање “КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ”

СНИКЕРС ПЛОЧКИ


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“ Аха,Продолжи со читање “СНИКЕРС ПЛОЧКИ”

БАНАНА МАФИНИ


Понекогаш не знам дали на светов постои понеогрнизиран човек од мене, посебно пред важен настан. Ние, екипата што учествуваше на Вегефест во октомври минатата година, пред извесно време бевме дел и од хуманитарен настан, од кој комплетното мени можете да го најдете овде. До неодамна, никогаш во животот немав направено мафини, нити конвенционални (во претходниотПродолжи со читање “БАНАНА МАФИНИ”

НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ


Веќе спомнав дека оваа година место торта, си направив роденденски колачи, чисто за да разбијам клише. Луѓето што ме познаваат знаат дека сум цепидлака (се извинувам за употребата на немакедонски збор), па не беа многу изненадени кога им кажав дека фатив да ги правам овие колачи. Всушност си ги сметам за успех, затоа што неПродолжи со читање “НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ”

ЧОКОЛАДНО ПАРФЕ СО КАПИНКИ


Можeби ќе звучи малку чудно, ама никогаш до сега не сум пробал парфе во оригинална варијанта, или барем не се сеќавам дека сум пробал. Поради тоа, кога жена ми првпат ми предожи да напарвиме парфе за мојата роденденска мини прослава, не знаев ни како изгледа ни што треба на крај да постигнам со рецептот. БлагодарејќиПродолжи со читање “ЧОКОЛАДНО ПАРФЕ СО КАПИНКИ”

ТУФАХИЈА БОМБИЦИ


Летото асоцира на сокови, на сладолед, на мнооогу овошје, на лубеници, само треба да се направи вистинскиот избор и летото ќе значи уживање, а не покачување на телесната тежина. Летото исто така значи и сушење овошје и зеленук и ферментација. За овој рецепт најбитни ни се правењето сок и сушењето. Зошто да се купува „100%Продолжи со читање “ТУФАХИЈА БОМБИЦИ”

7 ДЕНА НА СУРОВА ИСХАНА


Пред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продуктиПродолжи со читање “7 ДЕНА НА СУРОВА ИСХАНА”

МАЧКАЛО ОД ТОФУ И МАГДОНОС


Температурите високи, времето прекрасно како создадено да се излезе од дома рано наутро и цел ден да се посвети на прошетки. Кој во ваква атмосфера да мисли на седење во кујна и потготвување оброци? Обично во ваква ситуација мора да се најде итно решение кое дома ќе ве задржи само некоја минута за потоа целосноПродолжи со читање “МАЧКАЛО ОД ТОФУ И МАГДОНОС”

ЗИМСКА САЛАТА СО ТИКВА И ПРОСО


Баш ми е жал што полека изминува сезоната на тиквите. Одлични се и за во солени и за во слатки комбинации. Што би се рекло, како да се најадете, а да не внесете многу калории? Одговорот е – тиква. Како се создаде оваа салата? Како и повеќето рецепти кои ги применувам. Дома имав вишок тикваПродолжи со читање “ЗИМСКА САЛАТА СО ТИКВА И ПРОСО”