Posts Tagged ‘Овес’


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. (more…)

Read Full Post »


Скоро безглутенски лебЛебот на македонското мени го има во секоја варијанта и во секоја пригода – за појадок, за ручек, за вечера, а во меѓувреме и во вид на некоја кифла за ужина. Луѓе не седнуваат да јадат без леб како придружба на оброкот. Од друга страна, лебот е и најнапаѓан производ од исхраната. Секој веднаш штом почнува диета, прво за што размислува е исфрлањето на лебот. Лебот се поврзува и со неподносливоста на глутен, односно станува скриено задоволство, нешто што гледаме да го избегнеме, а сепак сакаме да го јадеме. (more…)

Read Full Post »


Овесни бомбици со суво овошје и ореви

Кога доаѓа викенд најчесто сакам „да се покажам“ пред моиве домашни и се обидувам со потготовка на некој вкусен појадок. Скирената намера зад ова ми е на останатите тројца мускетари околу мене на фин начин да им подбутнам некој поздрав оброк. Само кога ќе замислам дека на децава во градинка секој ден им даваат за појадок лепче со еурокрем/маргарин/сирење, за ручек измалтретирана зелка/грашок/грав сето тоа зачинето со мелено месо, а за ужина бисквити/крем банани со вештачки сок (!!!!!), веднаш засукувам ракави за на брзина нешто да смачкам. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: