АМЕРИКАНСКА ПИТА ОД ТИКВА


Следам блогови за растителна исхрана од целиот свет, но најмногу од САД. Американските блогери овој тип на исхрана го имаат доведено на исто ниво како конвенционланата, односно скоро и да нема некој познат или нивни традиционален рецепт што не е претворен во милион растителни варијанти. Се прашувам, зошто ние ретко се трудиме нашите традиционални рецептиПродолжи со читање “АМЕРИКАНСКА ПИТА ОД ТИКВА”

ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА


Наутро, прво прашање – што за појадок? Што се однесува до појадокот знам да се се фатам за едно јадење и истото да го повторувам додека не ми досади. Првично кога се запознав со овесните снегулки (години, години наназад) ги јадев накиснати во јогурт со јаболко и банана. И само таа варијанта. Кога го исфрливПродолжи со читање “ПЕЧЕНИ ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ СО ЈАБОЛКА”

РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ


По една стресна недела, како изминатава, најдобар начин да се вратиме во форма е да направиме нешто што ќе не релаксира, нешто што ќе ни биде слично на медитација. Една од активностите со таква намена за мене е готвењето. Посебно кога треба некое традиционално јадење да се претвори во вистинска храна. Meatloaf во САД, HackbratenПродолжи со читање “РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ”

МЕДИТЕРАНСКИ БУРГЕРИ ОД ЦРВЕН ГРАВ


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав? До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранијаПродолжи со читање “МЕДИТЕРАНСКИ БУРГЕРИ ОД ЦРВЕН ГРАВ”

МЕШАН ЛЕБ СО КИСЕЛ КВАСЕЦ


Кога станува збор за исхраната, тема на која има да изначитате рекорден број за и против аргументи е лебот. Едно време благословуван, денес пред се напаѓан и омаловажуван. Лебот дебелее, лебот не е здрав, јадењето леб е грев, лебот е полн со глутен, кој му штети на организмот, затоа треба да се исфрли… итн итн.Продолжи со читање “МЕШАН ЛЕБ СО КИСЕЛ КВАСЕЦ”

БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА


И по месец и половина од одржувањето на Вегефест, впечатоците и мубетите никако да стивнат. Причината е јасна: ние, петмина случајни готвачи аматери, добивме шанса да се претставиме пред јавност со нашата умешност. Потготвителните муабети ни се движеа од: „Да, супер ќе поминеме“, до: „Замислете никој ништо да не сака да проба?“ За среќа, заПродолжи со читање “БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА”

НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ


Веќе спомнав дека оваа година место торта, си направив роденденски колачи, чисто за да разбијам клише. Луѓето што ме познаваат знаат дека сум цепидлака (се извинувам за употребата на немакедонски збор), па не беа многу изненадени кога им кажав дека фатив да ги правам овие колачи. Всушност си ги сметам за успех, затоа што неПродолжи со читање “НЕПЕЧЕНИ ЛАВА КОЛАЧИ”

ТРОСЛОЈНА ТОРТА СО КРЕМ ОД ЈАГОДИ


Во последно време забележувам дека имам се помала потреба за благо, односно за интензивни шеќери. Не знам која е причината, дали постепено ја надминувам зависноста од благо, но некако доволно ми е овошјето за таа намена. Мислам, да се разбереме, сигурно дека ако имам нешто благо пред мене тешко ќе одолеам, ама голем напредок еПродолжи со читање “ТРОСЛОЈНА ТОРТА СО КРЕМ ОД ЈАГОДИ”

КРЕМ СУПА ОД ТИКВА, БРОКУЛА И КАРФИОЛ


Како на деца да им се подметне зеленчук? Одговорот е: со супа. Знам дека веднаш ќе добијам критики дека најдобро е децата да ги учиме да јадат свеж зеленчук, но верувајте, за да стигнете до целта треба да си ги искинете сите нерви и на крај најнајадени ќе бидат ѕидовите и подот. Вашето дете немаПродолжи со читање “КРЕМ СУПА ОД ТИКВА, БРОКУЛА И КАРФИОЛ”

ПРОТЕИНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ


Откако се решив да си го сменам начинот на исхрана, сфатив една битна работа – читање етикети на производи. Макар што во западно-европските земји дозволено е произведувачот да не наведе некои од состојките на производот што го продава, а кај нас многу често не ни стои информација за составот, сепак од етикетите може многу даПродолжи со читање “ПРОТЕИНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ”