Posts Tagged ‘Нутритивен квасец’


Кој вели дека фритата задолжително мора да се прави со јајца. Дури не мора ни да се пржи! Да, знам, во тој случај овој италијански специјалитет би ја изгубил смислата, но зошто да не се проба нешто што ќе наликува на фритата.

Фритата од наут и бел грав

Фритата е нешто како кај нас популарниот омлет со јајца, но со додатоци како зеленчук или некои сирења. Ако сте се одлучиле за исправна исхрана, сигурно знаете дека јајцата, сирењата и пржењето не би требало да ви бидат дел од секојдневното мени, така што не е лошо да им се најде соодветна замена. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Овој период ми беше доста турбулентен – гостување на телевизија, учество на Вегефест, плус пропратни обрвски и сетоа тоа резултираше со мојата најлоша навика – кратење на времето за спиење. По неколку супер активни месеци, сега кога имам повеќе слободно време не знам ни што да правам со него.

Макарони со топено сирење

Макарони со топено сирење

За гостувањето на телевизија Телма од мене беше побарано да зборувам за искуствата со веганската исхрана и да претставам еден вегански рецепт. Знаејќи дека прилогот ќе го гледа веројатно популација која повеќе е исплашена отколку потготвена да ја прифати посната храна за свој животен стил, решив да претставам рецепт кој ќе докаже дека здравата храна не значи нешто блуткаво и здодевно – макарони со топено сирење (кај нас познато како зденка). (more…)

Read Full Post »


Паста со песто од блитваСе сеќавам, порано, неделниот ручек во моето семејство беше посебен настан. Неделите беа единствениот ден кога имавме заеднички оброци и кога татко ми обично беше расположен да ни пренесе некоја животна лекција, која ние треба да ја научиме и од неа да извлечеме поука. Мајка ми скоро целиот ден го поминуваше во кујна. (more…)

Read Full Post »


Фалафел со два вида сосЗнам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои се одлични, макар што на моменти сметам дека голем дел ги фаворизираме по пат на инерција – затоа што сме навикнати на тие вкусови. (more…)

Read Full Post »


Салата со фиде од зеленчукМи помина еден подолг период во кој се посветив на мојата втора професија, преведувањето. Ова беше за да се оправдам зошто ме снемува од време на време. Завршетокот на овој период сакав да го прославам со пост за мојата омилена салата во последно време. Прво, морам да ви раскажам како се создаде салатата.

Моја главна инспирација повторно беше составувањето брз оброк за сите оние кои не сакаат да поминуваат многу време во кујна. (more…)

Read Full Post »


Кускус со спанаќ и тикваПовторно рецепт со мојата љубов, спанаќот. И тиквата. Добро, и по некоја тестенина. Ах, волкот се менува рувото не си го менува! Во љубов со тестенините сум цели 34 години, а денес луѓе толку ни во брак не издржуваат. Кажете како да ги намалам во исхраната? Веројатно никако.

Туку да не кукам за моите зависности, да кажам од каде дојде идејата за овој ручек склопен за 15-ина минути. Најголем проблем ми е кога по работното време имам и други обврски, така што ручекот се одложува и се одложува. Во ранецот секогаш имам по некое резервно јаболко да дојде на помош. Но ручекот си е ручек, со јаболко не се спасува. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: