ЗИМСКИ СУПИ И ЧОРБИ


Да, оваа зима немавме вистинска зима, некако како од октомври да живееме во доцна есен и ништо повеќе (со исклучок на неколку недели). Сепак, навечер знае да биде свежо или студено, односно да се создаде идеална атмосфера за вкусна топла чорба. Зеленчуковите чорби или супи ми се опсесија. Одеднаш во организмот се внесува куп зеленчук,Продолжи со читање “ЗИМСКИ СУПИ И ЧОРБИ”

ФРИТАТА ОД НАУТ И БЕЛ ГРАВ


Кој вели дека фритата задолжително мора да се прави со јајца. Дури не мора ни да се пржи! Да, знам, во тој случај овој италијански специјалитет би ја изгубил смислата, но зошто да не се проба нешто што ќе наликува на фритата. Фритата е нешто како кај нас популарниот омлет со јајца, но со додатоциПродолжи со читање “ФРИТАТА ОД НАУТ И БЕЛ ГРАВ”

НИСУАЗ САЛАТА СО НАУТ И БОРАНИЈА


Секогаш го имам истиот став – голем дел од конвенционалните јадења можат да се преобразат во поздрава варијанта и притоа да не им се оштети вкусот. Потребно е само да се знаат комбинациите кои ќе придонесат вкусот на оригиналот да не се изгуби. Нормално, ако некое јадење се заснова исклучиво на месо, павлака за готвењеПродолжи со читање “НИСУАЗ САЛАТА СО НАУТ И БОРАНИЈА”

ПЕЧЕН ФАЛАФЕЛ СО СПАНАЌ


Секојдневно да се смислуваат оброци за цело семејство може да биде доста исцрпувачки. Притоа треба да се внимава состојките во оброците премногу да не се повторуваат, вкусовите да бидат различни и секој да биде најаден. Во ваква ситуација, посебно кога немате нешто многу инспирација, мора да ви влета некое јадење како џокер, за да спаситеПродолжи со читање “ПЕЧЕН ФАЛАФЕЛ СО СПАНАЌ”

ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КРЕМ СОС ОД НАУТ И БРОКУЛИ


Пред извесно време го прегледував блогов, малку се посмеав од старите фотографии, листав што се сум објавувал и кои рецепти сум ги подзаборавил и на крај дојдов до страшен податок: никаде немам јадење со компири. Не знам зошто сум ги запоставил кога редовно ги јадам. Компирот е идеална замена за оние, на пример, што имаатПродолжи со читање “ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КРЕМ СОС ОД НАУТ И БРОКУЛИ”

ХУМУС (ОСНОВНА, НИСКОМАСЛЕНА ВАРИЈАНТА)


Хумусот е мачкало кое во секој момент треба да се има во фрижидер. Најлесно се употребува за појадок, ручек или вечера, како дел од сендвич, дел од главен оброк или самостојно со салата. Често правам варијации на тема хумус, затоа што и самиот рецепт нуди доста креација. Може да се додаваат и да се одземаатПродолжи со читање “ХУМУС (ОСНОВНА, НИСКОМАСЛЕНА ВАРИЈАНТА)”

МОДРИ ПАТЛИЏАНИ СО МАРОКАНСКИ НАУТ


Од денес ви ги претставувам славеничките рецепти што ви ги спомнав по повод првиот роденден на овој блог. Ќе почнам од солените мезиња, макар што денешново јадење може слободно да се употреби и како комплетен оброк (ручек или вечера). Целосно рецептот всушност е спојка на два други рецепти што ги најдов на македонски сајотви, „МоиПродолжи со читање “МОДРИ ПАТЛИЏАНИ СО МАРОКАНСКИ НАУТ”

ФАЛАФЕЛ СО ДВА ВИДА СОС


Знам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои сеПродолжи со читање “ФАЛАФЕЛ СО ДВА ВИДА СОС”

КРЕМ СУПА ОД НАУТ И ПРАЗ


Време е да ви ја претставам најубавата крем супа на сите времиња (ако се исклучи крем супата од тиква). Ајде вака да почнам со приказнава, односно да ви објаснам зошто толку ми се слади последниот оваа и онака прекрасна чорба. Отидов на Питијада во мојот роден Велес. Бело тесто, сало и убиени животни (т.н. месо)Продолжи со читање “КРЕМ СУПА ОД НАУТ И ПРАЗ”

ХУМУС (АЈВАР ВАРИЈАНТА)


Хумусот ми е омилено мачкало или додаток на оброк секогаш кога немам некоја идеја што да се јаде. Проблем е само закиснувањето наут, што претодно треба да се испланира, за да не мора при правењето хумус да го чекате да се свари по час и половина, дури и повеќе, ако е стар. Варијациите на темаПродолжи со читање “ХУМУС (АЈВАР ВАРИЈАНТА)”