РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ


По една стресна недела, како изминатава, најдобар начин да се вратиме во форма е да направиме нешто што ќе не релаксира, нешто што ќе ни биде слично на медитација. Една од активностите со таква намена за мене е готвењето. Посебно кога треба некое традиционално јадење да се претвори во вистинска храна. Meatloaf во САД, HackbratenПродолжи со читање “РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ”

МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК


Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме. Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејакоПродолжи со читање “МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК”

ЗИМСКИ СУПИ И ЧОРБИ


Да, оваа зима немавме вистинска зима, некако како од октомври да живееме во доцна есен и ништо повеќе (со исклучок на неколку недели). Сепак, навечер знае да биде свежо или студено, односно да се создаде идеална атмосфера за вкусна топла чорба. Зеленчуковите чорби или супи ми се опсесија. Одеднаш во организмот се внесува куп зеленчук,Продолжи со читање “ЗИМСКИ СУПИ И ЧОРБИ”

ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ


Слободно можам да кажам дека вистинскиот одмор за мене во лето не е официјалниот термин за летување, туку моментот кога децата некоја недела се кај баба и дедо. Е, тоа е вистински одмор! Одеднаш 90% од обрвските ги снемува, а почнувам и помалку да се дружам со кујната. Во рамки на идејата „што помалку времеПродолжи со читање “ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ”

ПЛЕСКАВИЦИ ОД ВАРЕНА ХЕЛЈДА


Кој вика дека ако се храните брзо не смеете да конзумирате брза храна. Проблемот е што на поимот брза храна му е прилепена негативна конотација и секогаш кога ќе се спомне, помислуваме на дебели луѓе со нарушено здравје. Овие плескавици од елда (хејлда) ги откирв при случајно пребарување на интернет. Се потготвуваат релативно брзо, ноПродолжи со читање “ПЛЕСКАВИЦИ ОД ВАРЕНА ХЕЛЈДА”

БРЗА КРЕМ СУПА ОД ТИКВА И МОРКОВИ


Откако го составив претходниот рецепт за лепчето од кисело тесто, добив доста критики дека сум објавил прекомплициран рецепт. Знам дека такво лепче ретко кој ќе се обиде да направи, но морав на некој начин да го искажам воодушевувањето од крајниот резултат. Доволно беше експериментирање со ферментации и чекање по најмалку една недела да успее рецептот.Продолжи со читање “БРЗА КРЕМ СУПА ОД ТИКВА И МОРКОВИ”

7 ДЕНА НА СУРОВА ИСХАНА


Пред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продуктиПродолжи со читање “7 ДЕНА НА СУРОВА ИСХАНА”

КИМ-ЧИ (ФЕРМЕНТИРАН ЗЕЛЕНЧУК НА КОРЕЈСКИ НАЧИН)


Оваа година имав идеја да скиселам зелка. Татко ми е експерт за кисела зелка и побарав од него да ме научи на основните финти. Кога виде дека немам многу време да зе занимавам со таа проблематика, ми предложи тој да ми стави зелка за ферментација, но кога дојдовме до таа одлука, на пазар немаше убавиПродолжи со читање “КИМ-ЧИ (ФЕРМЕНТИРАН ЗЕЛЕНЧУК НА КОРЕЈСКИ НАЧИН)”

РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ


Конечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишнаПродолжи со читање “РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ”

ТОРТА ОД МОРКОВИ СО ПРЕЛИВ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ


Како деца да натерате да јадат свеж зеленчук. Моите деца не сакаат ни да го помирисаат. Не знам каде ми е грешката, но ако не успеам да им го протнам во варива, нема ни да го пробаат. Овошје може, слатки работи, секако, зеленчук и салати никако! Па, знаете како се вели, кога не можеш противПродолжи со читање “ТОРТА ОД МОРКОВИ СО ПРЕЛИВ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ”