Posts Tagged ‘Модар патлиџан’


Нема некој што отишол во Грција на летување да не пробал или барем да не прочитал за грчката мусака. Всушност, во мојот претхоен живот грчката мусака ми беше омилено јадење и редовно ја порачував во ресторан каде и да сум во Грција.

Грчка мусака

Грчка мусака

Со промените на животниот стил, а тука спаѓа и исхраната, омилената мусака морав да им ја скратам на моите сетила за вкус, ама тоа не значи дека ја заборавив. (more…)

Read Full Post »


Полека изминува сезоната на модрите патлиџани, па малку задоцнето, еве предлог како да ги искористите, макар што веќе потешко се наоѓаат на пазар. Рецептот го објавувам и затоа што добро ќе им дојде на оние кои си замрзнале за зимница печени модри патлиџани.

Паштета од модар палиџан

Составот за паштетата е моја слободна интерпретација, откако на крајот од летото, при едно расчистување на фрижидерот, забележав дека сум купил и сум подзаборавил еден убав, голем модар патлиџан. (more…)

Read Full Post »


Крајот на летото, почетокот на есента веројатно е најубавиот период од годината во однос на свежи плодови. По пазарите понудата е најголема и најшарена, па не е случајно што нашиот народ по традиција зимници потготвува токму во овој дел од годината.

Баба гануш

Модриот патлиџан задолжително употребувајте го во кобинации од типот на пинџури, како додаток на чорби или закиселен, но имајте предвид дека од него се прават и вкусни мачкала, како што е баба гануш. (more…)

Read Full Post »


Многу често се случува да испробувам некој рецепт и во текот на изведбата од предвидениот да заскитам во сосема друг правец. Во ваквите случаи на крај се добива сосема ново јадење, коe само потсетува на оригиналното. Ризикот е што во ваквите ситуации од премногу експериментирање, на крај може да си останете и без предвиденото јадење! За среќа со моево малиџано не беше таков случајот. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: