Posts Tagged ‘Маслинки’


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав?

bty

До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранија и крајниот резултат беше катастрофа. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Секогаш го имам истиот став – голем дел од конвенционалните јадења можат да се преобразат во поздрава варијанта и притоа да не им се оштети вкусот. Потребно е само да се знаат комбинациите кои ќе придонесат вкусот на оригиналот да не се изгуби. Нормално, ако некое јадење се заснова исклучиво на месо, павлака за готвење и млеко, веројатно му нема спас, макар што можеби и на тоа може да му се најде некое решение.

Нисуаз салата со наут и боранија

Нисуаз салата со наут и боранија

Карактеристично за Нисуаз салатата е што се прави со специјално масло од нисуаз маслинки, ама ај маслото некако ќе го наминеме. Што е со јајцата и туната? Овде на се треба да му се најде замена, а салатата приближно да го има истиот вкус како оригиналот! (more…)

Read Full Post »


Милион пати сум кажал, сакам едноставни и брзи јадења. Знаете, од оние влегувате во кујна, на брза рака ги составувате, без многу сечкања, крчкања и слично, потпекувате додека да ја потготвите масата за ручек, правите една салата – и ручекот е готов.

Пченкарна пица

Еве еден малку необичен начин на правење пица, односно ова е некој премин меѓу проја и пица, чија потготовка нема да ви одземе многу време. Дозата за која ви зборувам овде всушност е доволна за двајца, нешто што не го предвидов кога првпат ја правев и кога моите деца побараа да пробаат. (more…)

Read Full Post »


Ова лето се почувствував како да ми беше забрането да седам дома. Навистина, кога почнуваше летото си посакав многу шетање, но знам дека овие денови кога и календарски привршува, си викам доста беше, можеби малку и претерав… Кого залажувам – од шетање и патување никогаш не е доволно, само ми треба малку одмор.

Салата од нудли од тиквички

Со оглед на тоа што летото го поминав на различни дестинации, тоа значеше и многу прилагодувања во однос на исхраната, барање кујна каде и да отидам, обиди од ресторанската храна да се одбере нешто приближно до она што јас го јадам, убедување на луѓето кај што престојувам да не се припотресуваат со моите оброци, затоа што и онака нема да ги погодат како што ги јадам итн.

(more…)

Read Full Post »


Мачкало со тофу и магдоносТемпературите високи, времето прекрасно како создадено да се излезе од дома рано наутро и цел ден да се посвети на прошетки. Кој во ваква атмосфера да мисли на седење во кујна и потготвување оброци? Обично во ваква ситуација мора да се најде итно решение кое дома ќе ве задржи само некоја минута за потоа целосно да му се предадете на пролетното (летното) сонце. (more…)

Read Full Post »


DSC02832Да се разбереме, гравче можам да јадам секој ден и во секоја комбинација – салата, чорба, паштета… Ова ми е најомилената салата со грав која ја правам кога сакам брзински и вкусен оборок. Сепак, најинтересно е како дојдов до рецептот, затоа што пред оваа, никогаш претходно не сум го употребувал грав во салата. Всушност овој рецепт е инспириран од сличен претставен во „Храна и вино“!!!!! (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: