Posts Tagged ‘Лешници’


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!!

Kocki sladoled02.jpg

Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа што ја содржи убиствената варијанта за диети – комбинација од масти со шеќер. Позитивно е што мастите доаѓаат исклучиво од јатки и од растително млеко (добро, еден дел и од какао путер), а шеќерот е дел од овошјето што се употребува и од агавето, чија количина може да се регулира. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста. (more…)

Read Full Post »


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!! (more…)

Read Full Post »


Обично собирам купишта рецепти. Секогаш кога ќе забележам некој интересен, веднаш го сместувам во посебен фолдер да си го чека редот. А реалноста вели дека 90% од рецептите никогаш не си го дочекуваат редот. Си остануваат складирани без некој да ги погледне. Затоа кога за некоја посебна пригода барам да направам нешто посебно, од хаотичниот фолдер не можам да издвојам апсолутно ништо и секогаш ми се чини дека најдобрите рецепти постојано ми бегаат од погледот.

Лешникова торта со три слоја

Пред дочекот на оваа Нова година решив да направам детална претрага по мистериозниот фолдер со рецепти и прегледеав се што беше одбележано со ТОРТА, ЗА ПОСЕБНИ ПРИЛИКИ, МНОГУ ВКУСНО и слично. (more…)

Read Full Post »


Јатки и семкиВо рецептите честопати употребувам продукти кои или се скапи ако се купат во продавница, ретко се наоѓаат или воопшто ги нема. За таа цел, се обидувам ваквите продукти да си ги направам сам дома. На тој начин заштедувам пари и што е многу битно, точно знам што ставам во нивниот состав – без емулгатори, засилувачи на вкус или некои други хемиски додатоци. Постот редовно ќе го обновувам со по некоја нова „тајна“ за ве убедам да не се откажете на патот кон здравото готвење. (more…)

Read Full Post »


Мачкала за палачинкиМуабетов го почнувам со носталгично сеќавање на детството. Најголем дел од времето го поминував кај баба ми, а таа ми готвеше што ќе посакав. Кога бев примерен (а нивото на толеранција кај баба беше многу високо) ми пржеше палачинки. Ма баба беше експерт за палачинки. Кога ќе сматеше некоја доза, дома беше празник. Прсти да излижеш. Тие денови живеев од палачинки со мармалад и плус една со Еурокрем. Можеби затоа до ден денес ми останаа најомилено јадење од детството! (more…)

Read Full Post »


„Денес за ужина имаме пудинг“, така на моето семејство му го претставив мојот најнов рецепт и целосно го зачудив. Не сакам да применувам забрани за тоа што смее да се јаде, а што не смее, затоа што забранетото потоа е многу попосакувано, но пудингот ми е на црната листа. Кога ќе слушнам дека некој сака на дете да му даде да јаде пудинг (зборувам за оној купечкиот), мене ми доаѓа како да сака во организмот да му вметне стопена пластика. Горе-долу разлика нема! Оттука сфаќате зошто изразот на зачуденост стоеше некоја минута на лицата на моите домашни. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: