МЕШАН ЛЕБ СО КИСЕЛ КВАСЕЦ


Кога станува збор за исхраната, тема на која има да изначитате рекорден број за и против аргументи е лебот. Едно време благословуван, денес пред се напаѓан и омаловажуван. Лебот дебелее, лебот не е здрав, јадењето леб е грев, лебот е полн со глутен, кој му штети на организмот, затоа треба да се исфрли… итн итн.Продолжи со читање “МЕШАН ЛЕБ СО КИСЕЛ КВАСЕЦ”

КАРАМЕЛ ТОРТА


Знам само дека помина уште една година и следната е со нова бројка – 2015-та. Технички е така, а во главата имам впечаток како годинава да траеше не 12 месеци, туку 12 денови – толку бргу ми летна. Всушност кога ќе подразмислам подетално и кога ќе разгледам некои фотографии, забележувам дека многу работи се случувале,Продолжи со читање “КАРАМЕЛ ТОРТА”

ПАЛАЧИНКИ ПО МОЈ ВКУС


Откако започнав да ја менувам исхраната, не знам дали постои некое друго јадење со кое повеќе сум екпериментирал од палачинките. Милиони обиди, најчесто пропратени со катастрофа во кујна! Милиони испробани рецепти за палачинки, некогаш на прва успешни, но никако и од второ или трето правење. По секој стоти обид следува и констатација дека веќе не требаПродолжи со читање “ПАЛАЧИНКИ ПО МОЈ ВКУС”

БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА


И по месец и половина од одржувањето на Вегефест, впечатоците и мубетите никако да стивнат. Причината е јасна: ние, петмина случајни готвачи аматери, добивме шанса да се претставиме пред јавност со нашата умешност. Потготвителните муабети ни се движеа од: „Да, супер ќе поминеме“, до: „Замислете никој ништо да не сака да проба?“ За среќа, заПродолжи со читање “БУРГЕРИ ОД ЛЕЌА”

СОЛЕНИ БОМБИЦИ ОД ОРИЗ СО САЛСА


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така. Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот когаПродолжи со читање “СОЛЕНИ БОМБИЦИ ОД ОРИЗ СО САЛСА”

МАЛИЏАНО СО МОРКОВИ И ТИКВИЧКИ


Многу често се случува да испробувам некој рецепт и во текот на изведбата од предвидениот да заскитам во сосема друг правец. Во ваквите случаи на крај се добива сосема ново јадење, коe само потсетува на оригиналното. Ризикот е што во ваквите ситуации од премногу експериментирање, на крај може да си останете и без предвиденото јадење!Продолжи со читање “МАЛИЏАНО СО МОРКОВИ И ТИКВИЧКИ”

ПРОЈА ЗА ПРЕЗАФАТЕНИ ЛУЃЕ


Кога имате многу обврски, посебно ако имате неормално работно време, најтешко е да се следи некој режим на исхрана. Дополнително на ова, кога некој е прегладнет, од каде па да мисли што е здраво, а што не е здраво. Во таква ситуација обично се става во уста тоа што е прво достапно – преработена хранаПродолжи со читање “ПРОЈА ЗА ПРЕЗАФАТЕНИ ЛУЃЕ”

ПРОТЕИНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ


Откако се решив да си го сменам начинот на исхрана, сфатив една битна работа – читање етикети на производи. Макар што во западно-европските земји дозволено е произведувачот да не наведе некои од состојките на производот што го продава, а кај нас многу често не ни стои информација за составот, сепак од етикетите може многу даПродолжи со читање “ПРОТЕИНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ”