МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК


Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме. Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејакоПродолжи со читање “МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК”

МЕЗЕ ОД ПЕЧЕНИ БАМЈИ


Пиво или ракија никогаш не пијам! Поточно целосно сум скаран со алкохолот, кој не сум го сакал дури ни кога сум имал поинакви ставови за исхраната. Сепак, тоа не значи дека треба да се лишам од убаво, вкусно мезе. Разликата е во моментот кога го конзумирам. На додатокот во дневната исхрана наречен мезе најчесто гледам какоПродолжи со читање “МЕЗЕ ОД ПЕЧЕНИ БАМЈИ”

ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КРЕМ СОС ОД НАУТ И БРОКУЛИ


Пред извесно време го прегледував блогов, малку се посмеав од старите фотографии, листав што се сум објавувал и кои рецепти сум ги подзаборавил и на крај дојдов до страшен податок: никаде немам јадење со компири. Не знам зошто сум ги запоставил кога редовно ги јадам. Компирот е идеална замена за оние, на пример, што имаатПродолжи со читање “ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КРЕМ СОС ОД НАУТ И БРОКУЛИ”

ПАШТЕТА ОД МОДАР ПАЛИЏАН


Полека изминува сезоната на модрите патлиџани, па малку задоцнето, еве предлог како да ги искористите, макар што веќе потешко се наоѓаат на пазар. Рецептот го објавувам и затоа што добро ќе им дојде на оние кои си замрзнале за зимница печени модри патлиџани. Составот за паштетата е моја слободна интерпретација, откако на крајот од летото,Продолжи со читање “ПАШТЕТА ОД МОДАР ПАЛИЏАН”

РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ


Конечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишнаПродолжи со читање “РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ”