Posts Tagged ‘Кокосов путер’


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!! (more…)

Read Full Post »


Трослојна торта со крем од јагодиВо последно време забележувам дека имам се помала потреба за благо, односно за интензивни шеќери. Не знам која е причината, дали постепено ја надминувам зависноста од благо, но некако доволно ми е овошјето за таа намена. Мислам, да се разбереме, сигурно дека ако имам нешто благо пред мене тешко ќе одолеам, ама голем напредок е што не ја чувствувам онаа луда потреба за благо што ја имав до пред околу една година. (more…)

Read Full Post »


Торта од моркови со прелив од индиски оревиКако деца да натерате да јадат свеж зеленчук. Моите деца не сакаат ни да го помирисаат. Не знам каде ми е грешката, но ако не успеам да им го протнам во варива, нема ни да го пробаат. Овошје може, слатки работи, секако, зеленчук и салати никако! Па, знаете како се вели, кога не можеш против некого, придружи му се. Или во мој превод, подметни им го зеленчукот во она што најмногу го сакаат – во торта. (more…)

Read Full Post »


Снежни чоко-бомбици од костениКостени, костени, костени… Цело Скопје мириса на печени костени. На пазар ги има на секоја втора тезга. Како човек да не купи? Пред некој ден моите домашни сакав да ги изненадам со половина килограм варени костени, затоа што знам дека ги сакаат. Сите се израдуваа кога дознаа дека ќе ги варам, подоцна никој не ги ни проба. Не можев ни јас да ги јадам затоа што таа недела применував 7-дневно прочистување со сурова храна, за што подетално се пишуваше на сајтот „Сурово и вкусно“. Знаев дека бргу ќе отидат во заборав и мораше да бидат спасени од фаталната судбина. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: