Posts Tagged ‘Кокосово масло’


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!! (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Сезона на јагоди. Во мојот дом ги има во секое време и ретко кога еден килограм преживува повеќе од еден ден. Значи за да направам слатки од јагоди, треба некаде да ги скријам, за никој да не ги здогледа и да ги лапне, пред јас да си го остварам мојот план.

Мини чизкејк тортички со јагоди

Во втората тура од мојот проект „Ајде да јадеме… нешто здраво и вкусно“ покрај комплетното мени (појадок, ручек, вечера), на учесниците им понудив и слатки, од кои еден дел претходно ги имав испробано, но голем дел ги правев за првпат. (more…)

Read Full Post »


Обично собирам купишта рецепти. Секогаш кога ќе забележам некој интересен, веднаш го сместувам во посебен фолдер да си го чека редот. А реалноста вели дека 90% од рецептите никогаш не си го дочекуваат редот. Си остануваат складирани без некој да ги погледне. Затоа кога за некоја посебна пригода барам да направам нешто посебно, од хаотичниот фолдер не можам да издвојам апсолутно ништо и секогаш ми се чини дека најдобрите рецепти постојано ми бегаат од погледот.

Лешникова торта со три слоја

Пред дочекот на оваа Нова година решив да направам детална претрага по мистериозниот фолдер со рецепти и прегледеав се што беше одбележано со ТОРТА, ЗА ПОСЕБНИ ПРИЛИКИ, МНОГУ ВКУСНО и слично. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: