Posts Tagged ‘Ким’


Секојдневно да се смислуваат оброци за цело семејство може да биде доста исцрпувачки. Притоа треба да се внимава состојките во оброците премногу да не се повторуваат, вкусовите да бидат различни и секој да биде најаден.

Печен фалафел со спанаќ

Во ваква ситуација, посебно кога немате нешто многу инспирација, мора да ви влета некое јадење како џокер, за да спасите ситуација. Фалафелите се одлична варијација, посебно во улога на храна за носење, нешто како солени колачи. Ги правите, ги ставате на маса и се послужува секој член на семејството на поминување, кој кога сака. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Крајот на летото, почетокот на есента веројатно е најубавиот период од годината во однос на свежи плодови. По пазарите понудата е најголема и најшарена, па не е случајно што нашиот народ по традиција зимници потготвува токму во овој дел од годината.

Баба гануш

Модриот патлиџан задолжително употребувајте го во кобинации од типот на пинџури, како додаток на чорби или закиселен, но имајте предвид дека од него се прават и вкусни мачкала, како што е баба гануш. (more…)

Read Full Post »


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така.

Солени бомбици од ориз со салса

Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот кога ќе посакам. Плус, на интегралниот ориз не му пречи во вкусот ако неколку денови постои во фрижидер, за разлика од белиот (more…)

Read Full Post »


Од денес ви ги претставувам славеничките рецепти што ви ги спомнав по повод првиот роденден на овој блог. Ќе почнам од солените мезиња, макар што денешново јадење може слободно да се употреби и како комплетен оброк (ручек или вечера).

Модар палиџан со марокански наут

Целосно рецептот всушност е спојка на два други рецепти што ги најдов на македонски сајотви, „Мои рецепти“ и „Ситно сецкано“ кои ми изгледаа доста вкусно па решив да ги спојам затоа што сепак во двата ми фалеше по нешто. (more…)

Read Full Post »


Фалафел со два вида сосЗнам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои се одлични, макар што на моменти сметам дека голем дел ги фаворизираме по пат на инерција – затоа што сме навикнати на тие вкусови. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Пиперки поленти со урда од сончогледОбично не сакам да зборувам за замени на одредени продукти со други. Замените најчесто се користат кога сакате да примените некој начин на исхрана (на пример, вегански), па за да не направите голем грев, одите кон помал грев и јадете нешто што мислите дека е поисправно од оригиналот. Всушност со ваквата практика само се навлекувате на копијата, а всушност оригиналот ви недостасува уште повеќе. Така, ако избегнувате пржено месо, јадете пржен сејтан или пржени шницли од соја. Ако избегнувате похувано сирење, јадете похувано тофу. Ви се пие млеко и упорно се залажувате со инстант соино млеко во прав! (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: