Posts Tagged ‘Карфиол’


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. (more…)

Read Full Post »


Долго време не се ни обидував да направам лазања, затоа што не верував дека може да се состави од поздрави состојќи, воопшто да не се употреби масло, а да се добие богат вкус.

All-focus

Знам само дека кога првпат ја направив, дојдов од работа многу гладен и изедов малку повеќе, па во остатокот од денот не ни помислив на јадење. (more…)

Read Full Post »


Да, оваа зима немавме вистинска зима, некако како од октомври да живееме во доцна есен и ништо повеќе (со исклучок на неколку недели). Сепак, навечер знае да биде свежо или студено, односно да се создаде идеална атмосфера за вкусна топла чорба.

All-focus

Зеленчуковите чорби или супи ми се опсесија. Одеднаш во организмот се внесува куп зеленчук, односно ми доаѓаат како некое бомбастично витаминско пакување. И што е најбитно, со супите и чорбите најлесно може да им се подметне зеленчук на оние кои многу не го сакаат во свежа форма, пред се на деца. (more…)

Read Full Post »


Декемрви… зима… на моменти ми студи само што ќе погледнам надвор. Очигледно е дека во зима  не се снаоѓам баш најдобро. На ова тмурно и магловито време, човек треба да подразмисли десетина пати пред да се реши да излезе надвор.

Крем супа со мирис на босилок

Во овој период од годината, најидеална ситуација е да си се подвиткате дома под ќебе, земајте една убава книга во раце, а покрај вас нека испарува миризлива, вкусна чорба.  (more…)

Read Full Post »


Фалафел со два вида сосЗнам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои се одлични, макар што на моменти сметам дека голем дел ги фаворизираме по пат на инерција – затоа што сме навикнати на тие вкусови. (more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Сакам да правам јадења кои не трошат многу време. Ако настојувате да се придржувате до одреден режим на исхрана и притоа кога сте гладни да не се ставите во замка да го каснете првото нешто што ќе ви дојде при рака, најдобро е секогаш во главата да имате по некој брзински рецепт што ќе се „сплеска“ за секунда и веднаш ќе може да се конзумира. Таков е случајот со табули салатата. Овој арапски специјалитет кога сум повеќе гладен го практикувам во оригиналната форма, со булгур, но кога сакам да го зголемам процентот на необработена храна во моето дневно мени, булгурот го заменувам со карфиол. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: