Posts Tagged ‘Какао’


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!!

Kocki sladoled02.jpg

Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа што ја содржи убиствената варијанта за диети – комбинација од масти со шеќер. Позитивно е што мастите доаѓаат исклучиво од јатки и од растително млеко (добро, еден дел и од какао путер), а шеќерот е дел од овошјето што се употребува и од агавето, чија количина може да се регулира. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Обично собирам купишта рецепти. Секогаш кога ќе забележам некој интересен, веднаш го сместувам во посебен фолдер да си го чека редот. А реалноста вели дека 90% од рецептите никогаш не си го дочекуваат редот. Си остануваат складирани без некој да ги погледне. Затоа кога за некоја посебна пригода барам да направам нешто посебно, од хаотичниот фолдер не можам да издвојам апсолутно ништо и секогаш ми се чини дека најдобрите рецепти постојано ми бегаат од погледот.

Лешникова торта со три слоја

Пред дочекот на оваа Нова година решив да направам детална претрага по мистериозниот фолдер со рецепти и прегледеав се што беше одбележано со ТОРТА, ЗА ПОСЕБНИ ПРИЛИКИ, МНОГУ ВКУСНО и слично. (more…)

Read Full Post »


Точно, го сакам периодот околу Нова година. Не дека којзнае што правам за време на празниците, но ми се допаѓа свечената атмосфера, светилките низ градот, подароците… Чекајте кога сме кај подароците, тука припаѓаат и фамозните пакетчиња за деца полни со чоколади, грицки и гумени бомбони.

Топло чоколадо од тиква

Кој ли да се справи со напливот на пакетчиња околу Нова Година. Не сакам да глумам полицаец , но кога веќе ги имаат дома, децата не можете да ги оттргнете од овие „подароци“. За да не излезете лоши, веројатно треба да им направите нешто доволно примамливо што ќе им го сврти вниманието од чоколадите. Мене тоа ми помага многу често, а истото ми успеа и со ова топло чоколадо. (more…)

Read Full Post »


Еве ви колач што се прави за посебна прилика, не затоа што е премногу скап или бара многу работа, туку едноставно затоа што е премногу вкусен и со него може да се одбележи значаен момент. Значи, ова го правите за Нова Година или за Божиќ или и за двата празника истовремено.

Брзински колач со јаболка и афион

Идејата за колачот доаѓа од еден сличен макробиотски што го најдов на сајтот на 8-ка и до пред една година го правев во оригиналната варијанта. Колачот, како што е смислен и објавен на сајтот, е одличен за транзиционен период за оние кои се привикнуваат на поздрава исхрана, но сѐ уште со навиките влечат кон конвенционалниот терк. Останатите ќе му најдат многу недостатоци и ќе се обидат да си направат своја верзија, како мене.

Пред некој ден, по огромна пауза, повторно го проанализирав рецептот за макробиотскиот колач. Од денешен аспект, сфатив дека се коси со некои мои сфаќања за здравата храна.

Прво: рецептот предвидува загревање јатки. Тоа кај мене е едно големо НЕ, затоа што загреаните јатки се исто што и пржени компири – ОТРОВ!

Второ: рецептот предвидува термичка обработка на јаболка. Јаболката термички обработени се оштетуваат и потоа го скиселуваат организмот.

Трето: во овој период јадев малку повеќе тестенини отколку што го правам тоа вообичаено, па сакав да одбегнам рецепт што содржи брашно.

Поттикнат од овие ставови, почнав со мојата нова интерпретација на рецептот за макробиотскиот колач, нешто додадов, нешто изменив и на крај излезе прекрасна слатка на која не и треба ни печење, ни пазење да не загори. Повеќе внимание бара само чоколадниот прелив, кој не е задолжителен. Значи, блендерот в рака, продуктите пред вас и 15-минутната авантура може да почне!

Брзински колач со јаболка и афион

Брзински колач со јаболка и афион

Состојки за „тестото“:

1 чаша ореви

1 чаша бадеми

1 чаша семе од афион

1 чаша кокосово брашно

1 чаша сечкани суви кајсии (откиснати ½ час во топла вода)

7-8 урми

1 голема лажица мед

5 помали јаболка (4 средни)

½ мала лажица цимет

1 мала лажица ванила

Состојки за чоколадниот крем:

1 чаша вода

1 чаша кафеав, природен шеќер

1 чаша какао

1 мала лажица ванила

Прстофат сол

Рендана кора од портокал (за декорација)

Сечкани суви кајсии (за декорација)

Опис:

1. Во бледнер со Ѕ сечило се мелат оревите и бадемите.

2. Со мелење се продолжува откако ќе се доадат афионот, кокосовото брашно, сечакните суви кајсии.

3. Откако претходните состојки убаво ќе се измешаат и иситнат, додадете ги медот и урмите и од овој момент можете да почнете да мелете со рачен или друг посилен блендер за да се добие похомогена смеса.

Рецептот може да запре и овде, затоа што и ваквата мешавина е убава, но за мој вкус многу тешка за конзумирање. Затоа продолжуваме со јаболка за да дадат свежина на колачот.

4. Блендирањето продолжете го со тоа што на „тестото“ со јатки и суво овошје постепено ќе му додавате парчиња јаболка. Вода не е потребна при блендирањето затоа што јаболката ќе пуштат и ќе му ја олеснат работата на блендерот.

5. Додадете ги зачините.

6. Смесата оформете ја во калап, па ставете ја да отстои во фрижидер. Откако убаво ќе се излади, внимателно рассечете ја на коцки.

Колачот и вака е готов и вкусен, ама малку чоколадо никогаш не е на одмет.

Брзински колач со јаболка и афион

Ова е процедурата за чокладниот прелив:

1. Почнете со загревање на водата во која ќе го ставите шеќерот и ќе вметнете половина чаша какао и простофат сол.

2. Постојано мешајте и кога какаото што се вари ќе дојде до точка на вриење, шпоретот намалете го на најниска температура и варете 15-ина минути со постојано мешање со лажица додека водата не се преполови. Внимавајте да не ви претече или да не ви загори.

3. Пред крај на варењето постепено додавајте ја и втората половина од какаото и мешајте со лажица за смесата да почне да се згуснува. Внимавајте, во овој дел какаото може да ви загори. Ако ви останат грутки, свареното какао можете да го изедначите со рачен блендер или со миксер.

4. Оставете го чоколадниот прелив да се излади.

5. Од чоколадниот прелив попрскувате  на секоја коцка од колачот со јаболка и афион. Не ставајте премногу за да не доминира вкусот на чоколадото.

6. За декорација, коцките попрскајте ги со рендана кора од постокал. На тој начин ќе добиете вкус и мирис на Ресана.

7. Ако и ова не ви е доволно за декорација, посипете малку исечкани суви кајсии.

Текстот е премногу долг и се чини дека и рецептот е тежок, ама впечатокот е погрешен. Всушност и е е битно колку време ќе изгубите, затоа што подоцна кога ќе го пробате, ќе сфатите дека ова е еден од најосвежителните колачи што некогаш сте ги вкусиле.

Read Full Post »


Мачкала за палачинкиМуабетов го почнувам со носталгично сеќавање на детството. Најголем дел од времето го поминував кај баба ми, а таа ми готвеше што ќе посакав. Кога бев примерен (а нивото на толеранција кај баба беше многу високо) ми пржеше палачинки. Ма баба беше експерт за палачинки. Кога ќе сматеше некоја доза, дома беше празник. Прсти да излижеш. Тие денови живеев од палачинки со мармалад и плус една со Еурокрем. Можеби затоа до ден денес ми останаа најомилено јадење од детството! (more…)

Read Full Post »


Снежни чоко-бомбици од костениКостени, костени, костени… Цело Скопје мириса на печени костени. На пазар ги има на секоја втора тезга. Како човек да не купи? Пред некој ден моите домашни сакав да ги изненадам со половина килограм варени костени, затоа што знам дека ги сакаат. Сите се израдуваа кога дознаа дека ќе ги варам, подоцна никој не ги ни проба. Не можев ни јас да ги јадам затоа што таа недела применував 7-дневно прочистување со сурова храна, за што подетално се пишуваше на сајтот „Сурово и вкусно“. Знаев дека бргу ќе отидат во заборав и мораше да бидат спасени од фаталната судбина. (more…)

Read Full Post »


Прва дилема кога го сменив начинот на исхрана ми беа благите работи. Колку често и да читам дека рафинираниот шеќер е штетен, рафинираниот шеќер е исто што и дрога, рафинираниот шеќер е ваков или таков, јас сум зависник. Кревам рака и признавам. Но кога почна мојава приказна со здравата исхрана гледав слатките искушенија да ги избегнувам, без да им најдам соодветна алтернатива. Едноставно, немав благо за „кризни“ моменти, затоа што не знаев како да го направам, а притоа да не се чувствуам виновен додека го јадам, да не ми проработи грижата на совест. Без благо бев како наркоман без наркотици. На крај ваквата состојба на неколку пати кулминира со прејадување од се чоколадно што го најдов пред себе и со страшна тежина во желудникот уште по една недела подоцна. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: