РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ


По една стресна недела, како изминатава, најдобар начин да се вратиме во форма е да направиме нешто што ќе не релаксира, нешто што ќе ни биде слично на медитација. Една од активностите со таква намена за мене е готвењето. Посебно кога треба некое традиционално јадење да се претвори во вистинска храна. Meatloaf во САД, HackbratenПродолжи со читање “РОЛАТ ОД КАФЕАВ ОРИЗ И МОРКОВИ”

ТАВА ОД ПЕТ ЖИТАРКИ И ЗЕЛЕНЧУК


Веќе спомнав дека некое време копам по книгите на д-р Џон МекДугал и веќе почнав да готвам некои од неговите рецепти. Често, голем дел од рецептите ги прилагодувам според вкусот на моето семејство, макар што вкусни се и онака како што се дадени во книгите. Во книгата „МекДугал програма за максимално губење тежина“ има целаПродолжи со читање “ТАВА ОД ПЕТ ЖИТАРКИ И ЗЕЛЕНЧУК”

ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ


Слободно можам да кажам дека вистинскиот одмор за мене во лето не е официјалниот термин за летување, туку моментот кога децата некоја недела се кај баба и дедо. Е, тоа е вистински одмор! Одеднаш 90% од обрвските ги снемува, а почнувам и помалку да се дружам со кујната. Во рамки на идејата „што помалку времеПродолжи со читање “ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ”

ПРОЛЕТНО РИЖОТО СО ДИВО НАНЕ


Веќе еднаш имам спомнато дека најголем проблем со исхраната ми е кога ќе отидам негде на гости. Сликата е ваква: прво влегување и сите ве нудат со мезиња и алкохолни и безалкохолни пијалоци, а вие само одбивате и го фрустрирате домаќинот како да ви го подоги вкусот. Претпоследниот предлог обично е водичка со лимонче, аПродолжи со читање “ПРОЛЕТНО РИЖОТО СО ДИВО НАНЕ”

САЛАТА ОД ЛЕЌА И ОРИЗ


Кога сакате да применувате растителна исхрана веднаш околу вас се крева прашина како ќе внесувате протеини. Веројатно уште не е јасно дека месото не е единствениот извор на протеини. Плус, на нашиот организам не му требаат готови протеини, какви што се во месото, туку потребни му се амино киселини за да создаде протеини. Расправата даПродолжи со читање “САЛАТА ОД ЛЕЌА И ОРИЗ”

МАКРОБИОТИЧКИ ‘РЖАН ЛЕБ СО ОРИЗ


Вчера (14 ноември) беше Светски ден за борба против дијабетесот, па малку задоцнето, решив да дадам мал придонес со овој ‘ржан леб. Лебот може да се направи со какво било интегрално брашно, но подоцна ќе ви кажам зошто го направив токму од ‘ржано. Прво, морам да спомнам нешто околу заблудата во врска со лебовите штоПродолжи со читање “МАКРОБИОТИЧКИ ‘РЖАН ЛЕБ СО ОРИЗ”