ЈОГУРТ ОД СОИНО МЛЕКО


Во лето имате страшна желба за таратор? Или сакате житарки со јогурт за појадок? Бакрдан со кисело млеко? Потсетување на детството со една убава пита со јогурт? Сега повторно можете да ги вратите овие вкусови на вашето мени и притоа да не чувствувате грижа на совест. Не, за вакво нешто не мора да се откажетеПродолжи со читање “ЈОГУРТ ОД СОИНО МЛЕКО”

КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!! Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа штоПродолжи со читање “КОЦКИ СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ”

СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ


Пред некое лето за првпат се обидов да сушам на сонце зеленчук и овошје и обидот помина со среден успех. Поточно доматите фатив да ги сушам на крајот на август кога денот се намали, а ни сонцето не грееше толку силно, така што обидот беше неуспешен, односно најголем дел од доматите мувлосаа. Минатото лето сеПродолжи со читање “СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ”

МЛЕЧЕН КРЕМ СЛАДОЛЕД


Синоним за лето, нормално, покрај лубеници, сонце и плажа е и поимот сладолед. Неколку топчиња од ова смрзнато чудо и веднаш ви се враќа енергијата! Не сакам да ја расипувам убавата слика, ама ретко додека јадеме сладолед се подзамислуваме што всушност содржи.

ШАРЕНИ ЧИЗКЕЈК ТОРТИЧКИ ОД ЈАГОДИ


Сезона на јагоди. Во мојот дом ги има во секое време и ретко кога еден килограм преживува повеќе од еден ден. Значи за да направам слатки од јагоди, треба некаде да ги скријам, за никој да не ги здогледа и да ги лапне, пред јас да си го остварам мојот план. Во втората тура одПродолжи со читање “ШАРЕНИ ЧИЗКЕЈК ТОРТИЧКИ ОД ЈАГОДИ”

ФЕТА СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ


На интернет ќе пронајдете милиони рецепти за сирења од јатки, потешки и полесни варијанти, така што со овој рецепт не нудам ништо ново. Сепак, толку ми се направи кеиф што составив сирење исклучиво по природен пат со состојки што сам ги составив, што не можев да издржам да не го споделам искуството. Ова сирење сеПродолжи со читање “ФЕТА СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ”

ПАСТА СО ПЕСТО ОД БЛИТВА


Се сеќавам, порано, неделниот ручек во моето семејство беше посебен настан. Неделите беа единствениот ден кога имавме заеднички оброци и кога татко ми обично беше расположен да ни пренесе некоја животна лекција, која ние треба да ја научиме и од неа да извлечеме поука. Мајка ми скоро целиот ден го поминуваше во кујна.

ФАЛАФЕЛ СО ДВА ВИДА СОС


Знам дека најчесто си ја фалиме нашата кујна, па дури често слушаме реченици како македонската кујна е највкусна. Ваквата констатација горе-долу е меч со две острици. Колку што ние имаме право тоа да го кажеме за нашата кујна, истото право го има секоја националност за своите традиционални готвења. Се согласувам дека имаме јадења кои сеПродолжи со читање “ФАЛАФЕЛ СО ДВА ВИДА СОС”

РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ


Конечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишнаПродолжи со читање “РУСКА САЛАТА СО ТОФУ МАЈОНЕЗ”

ТОРТА ОД МОРКОВИ СО ПРЕЛИВ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ


Како деца да натерате да јадат свеж зеленчук. Моите деца не сакаат ни да го помирисаат. Не знам каде ми е грешката, но ако не успеам да им го протнам во варива, нема ни да го пробаат. Овошје може, слатки работи, секако, зеленчук и салати никако! Па, знаете како се вели, кога не можеш противПродолжи со читање “ТОРТА ОД МОРКОВИ СО ПРЕЛИВ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ”