ЗЕЛЕНЧУКОВА ЛАЗАЊА СО РИКОТА И АЛФРЕДО СОС


Долго време не се ни обидував да направам лазања, затоа што не верував дека може да се состави од поздрави состојќи, воопшто да не се употреби масло, а да се добие богат вкус. Знам само дека кога првпат ја направив, дојдов од работа многу гладен и изедов малку повеќе, па во остатокот од денот неПродолжи со читање “ЗЕЛЕНЧУКОВА ЛАЗАЊА СО РИКОТА И АЛФРЕДО СОС”

МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК


Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме. Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејакоПродолжи со читање “МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК”

ТАВА ОД ПЕТ ЖИТАРКИ И ЗЕЛЕНЧУК


Веќе спомнав дека некое време копам по книгите на д-р Џон МекДугал и веќе почнав да готвам некои од неговите рецепти. Често, голем дел од рецептите ги прилагодувам според вкусот на моето семејство, макар што вкусни се и онака како што се дадени во книгите. Во книгата „МекДугал програма за максимално губење тежина“ има целаПродолжи со читање “ТАВА ОД ПЕТ ЖИТАРКИ И ЗЕЛЕНЧУК”

ГРЧКА МУСАКА (Посна варијатна)


Нема некој што отишол во Грција на летување да не пробал или барем да не прочитал за грчката мусака. Всушност, во мојот претхоен живот грчката мусака ми беше омилено јадење и редовно ја порачував во ресторан каде и да сум во Грција. Со промените на животниот стил, а тука спаѓа и исхраната, омилената мусака моравПродолжи со читање “ГРЧКА МУСАКА (Посна варијатна)”

ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ


Слободно можам да кажам дека вистинскиот одмор за мене во лето не е официјалниот термин за летување, туку моментот кога децата некоја недела се кај баба и дедо. Е, тоа е вистински одмор! Одеднаш 90% од обрвските ги снемува, а почнувам и помалку да се дружам со кујната. Во рамки на идејата „што помалку времеПродолжи со читање “ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО ГРАВ И ОРИЗ”

СОЛЕНИ БОМБИЦИ ОД ОРИЗ СО САЛСА


Никогаш не е на одмет во фрижидер да се има сварен ориз. Чисто да се најде за моменти кога немате инспирација што да јадете. Барем кај мене е така. Интегралниот ориз, кој редовно го користам, се вари неколку пати подолго од белиот и затоа не можам да оставам да го потготвувам веднаш во моментот когаПродолжи со читање “СОЛЕНИ БОМБИЦИ ОД ОРИЗ СО САЛСА”

МОДРИ ПАТЛИЏАНИ СО МАРОКАНСКИ НАУТ


Од денес ви ги претставувам славеничките рецепти што ви ги спомнав по повод првиот роденден на овој блог. Ќе почнам од солените мезиња, макар што денешново јадење може слободно да се употреби и како комплетен оброк (ручек или вечера). Целосно рецептот всушност е спојка на два други рецепти што ги најдов на македонски сајотви, „МоиПродолжи со читање “МОДРИ ПАТЛИЏАНИ СО МАРОКАНСКИ НАУТ”

ПИЦА ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО


Милион пати сум кажал, сакам едноставни и брзи јадења. Знаете, од оние влегувате во кујна, на брза рака ги составувате, без многу сечкања, крчкања и слично, потпекувате додека да ја потготвите масата за ручек, правите една салата – и ручекот е готов. Еве еден малку необичен начин на правење пица, односно ова е некој преминПродолжи со читање “ПИЦА ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО”