Posts Tagged ‘Грашок’


Пролетно рижото со диво нанеВеќе еднаш имам спомнато дека најголем проблем со исхраната ми е кога ќе отидам негде на гости. Сликата е ваква: прво влегување и сите ве нудат со мезиња и алкохолни и безалкохолни пијалоци, а вие само одбивате и го фрустрирате домаќинот како да ви го подоги вкусот. Претпоследниот предлог обично е водичка со лимонче, а кога ќе кажете дека навистина во моментот ништо не ви се пие нити ви се јаде, самоволно ви налеваат минерална вода. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Руска салата со тофу мајонезКонечно, еве го првиот пост за 2013-та година. Првиот рецепт во Новата Година, нормално, треба да биде легендарната Руска салата. Празничната софра не само кај нас е најстрашната закана за нашиот изглед и за зравјето. Сарми, зелници, свинско месо и слатки со маргарини и јајца на сите страни. Сето тоа е „зачинето“ со холестеролската новогодишна традиција наречена Руска салата. Не е чудно што едно испитување вели дека околу новогодишните празници во просек додаваме по 2-3 килограми. И тоа не е страшна бројка. Пострашно е што во текот на годината место да ги отстраниме, ние трупаме уште некој килограм и сѐ така до следната Нова Година. Заклучок: секоја година сме сѐ подебели, а дел од нашите непријатели е и гореспоменатата, Руска. (more…)

Read Full Post »


Паштета од грашокЈа знаете приказната за штурецот и мравката? Преку лето штурецот си свирел, а мравката се потготвувала за зима. Кога дошла зимата, штурецот немал ништо за јадење,  а мравката кеиф си терала. Муабетот ми е следниов – кој си има зимница и сред зима ќе ги почувствува вкусовите на летото. Овој рецепт е наменет за сите оние кои си имаат замрзнато грашок, а сакаат да го потготват на поздрав начин кој нема да вклучува крчкање и оштетување на овој зеленчук/мешунка. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: