Posts Tagged ‘Грав’


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав?

bty

До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранија и крајниот резултат беше катастрофа. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Кој вели дека фритата задолжително мора да се прави со јајца. Дури не мора ни да се пржи! Да, знам, во тој случај овој италијански специјалитет би ја изгубил смислата, но зошто да не се проба нешто што ќе наликува на фритата.

Фритата од наут и бел грав

Фритата е нешто како кај нас популарниот омлет со јајца, но со додатоци како зеленчук или некои сирења. Ако сте се одлучиле за исправна исхрана, сигурно знаете дека јајцата, сирењата и пржењето не би требало да ви бидат дел од секојдневното мени, така што не е лошо да им се најде соодветна замена. (more…)

Read Full Post »


Слободно можам да кажам дека вистинскиот одмор за мене во лето не е официјалниот термин за летување, туку моментот кога децата некоја недела се кај баба и дедо. Е, тоа е вистински одмор! Одеднаш 90% од обрвските ги снемува, а почнувам и помалку да се дружам со кујната.

Освежителна салата со грав и ориз

Освежителна салата со грав и ориз

Во рамки на идејата „што помалку време во кујна, што поретко вклучен шпорет“, жена ми ми предложи додека сме сами, за ручек да потготвуваме некои салатки кои обично ги немаме на менито кога децата се дома. На тој начин би имале повеќе време за одмор и за прошетки надвор на убавото време. (more…)

Read Full Post »


Декемрви… зима… на моменти ми студи само што ќе погледнам надвор. Очигледно е дека во зима  не се снаоѓам баш најдобро. На ова тмурно и магловито време, човек треба да подразмисли десетина пати пред да се реши да излезе надвор.

Крем супа со мирис на босилок

Во овој период од годината, најидеална ситуација е да си се подвиткате дома под ќебе, земајте една убава книга во раце, а покрај вас нека испарува миризлива, вкусна чорба.  (more…)

Read Full Post »


DSC02832Да се разбереме, гравче можам да јадам секој ден и во секоја комбинација – салата, чорба, паштета… Ова ми е најомилената салата со грав која ја правам кога сакам брзински и вкусен оборок. Сепак, најинтересно е како дојдов до рецептот, затоа што пред оваа, никогаш претходно не сум го употребувал грав во салата. Всушност овој рецепт е инспириран од сличен претставен во „Храна и вино“!!!!! (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: