Posts Tagged ‘Готвење на пареа’


Во овој рецепт се корсти сурова, необработена тиква! ЧЕКАЈТЕ!!! Пред да кликнете и да го смените сајтот или уште на првиот ред да се откажете од идејата да ја пробате оваа торта, ќе ви кажам дека не е толку лошо колку што звучи. Всушност, се работи за многу вкусна торта. И јас зачудено реагирав кога пред околу една година дознав дека тиквата може да се конзумира и сурова и се до сега не се осмелував да ја испробам во таква варијанта. Всушност и кога добив идеја да направам некоја варијанта на овој рецепт, се уште бев во дилема дали да употребам жива тиква. На крај се решив рецептот да го правам по мое, но да не изменам едно нешто, живата тиква. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Многу често се случува да испробувам некој рецепт и во текот на изведбата од предвидениот да заскитам во сосема друг правец. Во ваквите случаи на крај се добива сосема ново јадење, коe само потсетува на оригиналното. Ризикот е што во ваквите ситуации од премногу експериментирање, на крај може да си останете и без предвиденото јадење! За среќа со моево малиџано не беше таков случајот. (more…)

Read Full Post »


Познавам куп луѓе околу мене што никогаш не би пробале сурова, свежа брокула. Каква штета! Брокулата е суперхрана поради своите нутритивни способности. „Полна“ е со витамин Ц, К и фолна киселина. Игра главна улога во алкализација на организмот. Во превод, со брокулата ни е штитник против болестите, посебно зимските.

 Сѐ убаво, ама ајде тоа објаснете им го на луѓе што не сакаат да погледнат зеленчук, а посебно на децата. Поттикнат од ваквата ситуација за првпат пред една година решив да барам начин овој супермен меѓу зеленчукот да го понудам на попристапен начин, односно а пробам боркулата да ја сварам на пареа, како што е опишано во книгата „Најздравите продукти на светот“ од Џорџ Мателјан. (more…)

Read Full Post »


Есента нуди многу опции за главни јадења. Отидете на пазар и ќе се изнагледате убави бои, шаренило од сите страни. Никако нема да можете да се одлучите што од тоа да одберете, а патем да не се претоварите и да не можете да си дојдете до дома (кој ме видел како пешачам со две полни торби, ќе ја добие вистинската слика).

Младата боранија со својата жолто-зеленикава боја дава убав придонес во целата глетка. Се сеќавам, во детството воопшто не сакав да ја јадам. Најчесто ми беше сервирана во познатите македонски чорби со свинско месо кои никако не можев да ги прифатам. Од денешен аспект јасно ми е зошто многу често се прескокнува боранијата како составен дел од јадењето – затоа што најчесто при готвењето се вари до распаѓање и нема никаков вкус.

(more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: