Posts Tagged ‘Босилек’


Секогаш го имам истиот став – голем дел од конвенционалните јадења можат да се преобразат во поздрава варијанта и притоа да не им се оштети вкусот. Потребно е само да се знаат комбинациите кои ќе придонесат вкусот на оригиналот да не се изгуби. Нормално, ако некое јадење се заснова исклучиво на месо, павлака за готвење и млеко, веројатно му нема спас, макар што можеби и на тоа може да му се најде некое решение.

Нисуаз салата со наут и боранија

Нисуаз салата со наут и боранија

Карактеристично за Нисуаз салатата е што се прави со специјално масло од нисуаз маслинки, ама ај маслото некако ќе го наминеме. Што е со јајцата и туната? Овде на се треба да му се најде замена, а салатата приближно да го има истиот вкус како оригиналот! (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Ова лето се почувствував како да ми беше забрането да седам дома. Навистина, кога почнуваше летото си посакав многу шетање, но знам дека овие денови кога и календарски привршува, си викам доста беше, можеби малку и претерав… Кого залажувам – од шетање и патување никогаш не е доволно, само ми треба малку одмор.

Салата од нудли од тиквички

Со оглед на тоа што летото го поминав на различни дестинации, тоа значеше и многу прилагодувања во однос на исхраната, барање кујна каде и да отидам, обиди од ресторанската храна да се одбере нешто приближно до она што јас го јадам, убедување на луѓето кај што престојувам да не се припотресуваат со моите оброци, затоа што и онака нема да ги погодат како што ги јадам итн.

(more…)

Read Full Post »


Печурки полнети со песто од спанаќПред нешто повеќе од една година случајно го открив т.н. raw food движење, односно исхрана со термички необработена, сурова храна. Бев фасциниран. Движењето е некоја спротивност на актуелниот американски (и светски) фаст фуд тренд кој се повеќе одзема човечки животи. Во мојата кујна почнав се повеќе да вметнувам сурова храна и процентот на свежи продукти ми заземаше се поголем процент. Сепак, никогаш не сум се откажал од делот со готвена храна, а и не мислам да го сторам тоа во блиска иднина. (more…)

Read Full Post »


Есента нуди многу опции за главни јадења. Отидете на пазар и ќе се изнагледате убави бои, шаренило од сите страни. Никако нема да можете да се одлучите што од тоа да одберете, а патем да не се претоварите и да не можете да си дојдете до дома (кој ме видел како пешачам со две полни торби, ќе ја добие вистинската слика).

Младата боранија со својата жолто-зеленикава боја дава убав придонес во целата глетка. Се сеќавам, во детството воопшто не сакав да ја јадам. Најчесто ми беше сервирана во познатите македонски чорби со свинско месо кои никако не можев да ги прифатам. Од денешен аспект јасно ми е зошто многу често се прескокнува боранијата како составен дел од јадењето – затоа што најчесто при готвењето се вари до распаѓање и нема никаков вкус.

(more…)

Read Full Post »


Народе, доаѓа време за спанаќ! Има ли поефективен начин да им се приближи на децата некој продукт освен преку нивните омилени цртани филмови. Попај Морнарот има голема заслуга за сфаќањето дека спанаќот е растение што ни дава сила. И навистина е така. Богат со витамини и минерали, нуди и моќна антиоксидативна заштита, велат експертите. Веднаш ми се наметнува мислењето, што ќе беше ако по денешните цртани филмови и реклами место отровни чипсови, гуми за џвакање и штетни безалкохолни пијалоци се промовираа брокула, спанаќ или домати? Можеби звучи смешно, ама веројатно полесно ќе можевме децата да ги убедиме дека гумените бомбони се отпад, а брокулата ги прави силни како Спајдермен (лош пример, ама на тој лик се сетив во моментов). (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: