Posts Tagged ‘Боранија’


Секогаш го имам истиот став – голем дел од конвенционалните јадења можат да се преобразат во поздрава варијанта и притоа да не им се оштети вкусот. Потребно е само да се знаат комбинациите кои ќе придонесат вкусот на оригиналот да не се изгуби. Нормално, ако некое јадење се заснова исклучиво на месо, павлака за готвење и млеко, веројатно му нема спас, макар што можеби и на тоа може да му се најде некое решение.

Нисуаз салата со наут и боранија

Нисуаз салата со наут и боранија

Карактеристично за Нисуаз салатата е што се прави со специјално масло од нисуаз маслинки, ама ај маслото некако ќе го наминеме. Што е со јајцата и туната? Овде на се треба да му се најде замена, а салатата приближно да го има истиот вкус како оригиналот! (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Есента нуди многу опции за главни јадења. Отидете на пазар и ќе се изнагледате убави бои, шаренило од сите страни. Никако нема да можете да се одлучите што од тоа да одберете, а патем да не се претоварите и да не можете да си дојдете до дома (кој ме видел како пешачам со две полни торби, ќе ја добие вистинската слика).

Младата боранија со својата жолто-зеленикава боја дава убав придонес во целата глетка. Се сеќавам, во детството воопшто не сакав да ја јадам. Најчесто ми беше сервирана во познатите македонски чорби со свинско месо кои никако не можев да ги прифатам. Од денешен аспект јасно ми е зошто многу често се прескокнува боранијата како составен дел од јадењето – затоа што најчесто при готвењето се вари до распаѓање и нема никаков вкус.

(more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: