Posts Tagged ‘Бадемово млеко’


Синоним за лето, нормално, покрај лубеници, сонце и плажа е и поимот сладолед. Неколку топчиња од ова смрзнато чудо и веднаш ви се враќа енергијата!

Млечен крем сладолед

Не сакам да ја расипувам убавата слика, ама ретко додека јадеме сладолед се подзамислуваме што всушност содржи. (more…)

Read Full Post »


Веќе спомнав дека оваа година место торта, си направив роденденски колачи, чисто за да разбијам клише. Луѓето што ме познаваат знаат дека сум цепидлака (се извинувам за употребата на немакедонски збор), па не беа многу изненадени кога им кажав дека фатив да ги правам овие колачи.

Непечени лава колачи

Всушност си ги сметам за успех, затоа што не знаев дали ќе успеам да го постигнам ефектот од обичните лава колачи, кои, на крајот на краиштата може да се купат од маркет како готова смеса која треба само кратко да се потпече. Ама тоа не е интересно. (more…)

Read Full Post »


Можeби ќе звучи малку чудно, ама никогаш до сега не сум пробал парфе во оригинална варијанта, или барем не се сеќавам дека сум пробал. Поради тоа, кога жена ми првпат ми предожи да напарвиме парфе за мојата роденденска мини прослава, не знаев ни како изгледа ни што треба на крај да постигнам со рецептот.

Чоколадно парфе

Благодарејќи на верните пријатели Google и Wikipedia забележав дека овој француски десерт во оригинал вклучува, покрај другите состојки, и јајца, млеко, многу шеќер и алкохол, нешта кои на мои забави не се служат! (more…)

Read Full Post »


Во овој рецепт се корсти сурова, необработена тиква! ЧЕКАЈТЕ!!! Пред да кликнете и да го смените сајтот или уште на првиот ред да се откажете од идејата да ја пробате оваа торта, ќе ви кажам дека не е толку лошо колку што звучи. Всушност, се работи за многу вкусна торта. И јас зачудено реагирав кога пред околу една година дознав дека тиквата може да се конзумира и сурова и се до сега не се осмелував да ја испробам во таква варијанта. Всушност и кога добив идеја да направам некоја варијанта на овој рецепт, се уште бев во дилема дали да употребам жива тиква. На крај се решив рецептот да го правам по мое, но да не изменам едно нешто, живата тиква. (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: