Во лето имате страшна желба за таратор? Или сакате житарки со јогурт за појадок? Бакрдан со кисело млеко? Потсетување на детството со една убава пита со јогурт? Сега повторно можете да ги вратите овие вкусови на вашето мени и притоа да не чувствувате грижа на совест. Не, за вакво нешто не мора да се откажете од патот кон здравата исхрана и да се препуштите на обични јогурти и кисели млека. На могу едноставен начин можете да си ги направите дома од растителни продукти.

Jogurt01.jpg

На прва, воопшто не верував во растителни јогурти и кисели млека, веројатно затоа што го немав најдено вистинскиот рецепт. Главниот проблем е како да се почне, но откако ќе започнете, процедурата веќе е лесна. Ви предлагам и вие да го поминете истиот пат, па потоа да дојдете до овој едноставен рецепт за јогурт од соино млеко. повеќе »

Advertisements

Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме.

Mesan zelencuk09.jpg

Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејако сонцето, а кога сум на плажа гледам што е можно повеќе да го искористам времето за сончање. А кога сум дома го влечам максимумот од сонцето –сушам зеленчук! повеќе »


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!!

Kocki sladoled02.jpg

Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа што ја содржи убиствената варијанта за диети – комбинација од масти со шеќер. Позитивно е што мастите доаѓаат исклучиво од јатки и од растително млеко (добро, еден дел и од какао путер), а шеќерот е дел од овошјето што се употребува и од агавето, чија количина може да се регулира. повеќе »


Веќе спомнав дека некое време копам по книгите на д-р Џон МекДугал и веќе почнав да готвам некои од неговите рецепти. Често, голем дел од рецептите ги прилагодувам според вкусот на моето семејство, макар што вкусни се и онака како што се дадени во книгите.

Tava so oriz02.jpg

Во книгата „МекДугал програма за максимално губење тежина“ има цела програма и рецепти кои треба да ви осигураат сигурно и здраво слабеење. Жена ми за 2-3 недели  придржување до принципите на програмата (не премногу строго, да бидам искрен) симна 5 кг, а претпоставувам дека и повеќе може да се ослабне, ако сте доволно дисциплинирани. повеќе »


Веќе неколку месеци задолжителна литература ми се книгите на еден од пионерите во современата растителна исхрана, Џон МекДугал. Општи лекар по професија, на 18 години доживува срцев удар под влијание на стандардната американска исхрана. Кога се вработува во медицински установи сфаќа дека многу болести со лекарства не може да ги излечи и во 70-те години почнува да експериментира со растителната исхрана. Во 1983 година ја пишува првата книга „Планот на МекДугал“ и прави револуција со тоа што укажува дека човекот, ако се преориентира на растителна скробна исхрана дополнета со овошје и зеленчук, ќе надмине многу од современите болести.

1972264_365343726938949_1493291509_n

Со неговото дело почнав да се запознавам од крајот, поточно од за сега последната книга, „Скробно решение“. Напишана со наједонставен јазик, но сепак научно издржана, објаснува зошто растителната скробна исхрана е она што му е потребно на денешниот човек. повеќе »


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста. повеќе »


Пред некое лето за првпат се обидов да сушам на сонце зеленчук и овошје и обидот помина со среден успех. Поточно доматите фатив да ги сушам на крајот на август кога денот се намали, а ни сонцето не грееше толку силно, така што обидот беше неуспешен, односно најголем дел од доматите мувлосаа.

dav

Минатото лето се навратив на идејата додека во јули грееше како под вршник и овојпат исушив тони зеленчук за вегета и доста домати. Доматите, со исклучок на некој килограм што ми изгореа од директна изложеност на сонце и една тура што ми ја фати дожд, па морав да ја сушам со фен, останатите одлично се исушија. На толку мака, сушените домати ги сомлев и ги складирав за да ги употребувам во најисклучителни прилики. И тогаш пред мене се појави рецептот за ова сирење. повеќе »

%d bloggers like this: