Archive for the ‘Uncategorized’ Category


Знам дека овошјето најдобро е да се конзумира свежо, но во лето го има на куп за доста ниски цени и што да се прави со вишокот во фрижидер? Џем! Не, не мислам на 100 степени да стоите со часови покрај шпорет и да чекате да се згусне џемот, а притоа вие да се чувствувате како да сте биле во сауна.

IMG_20170609_145304.jpg

Мислам на некоја брза варијанта, џем што ќе биде готов додека ги подготвувате палачинките за појадок. Овој е таков. (more…)

Advertisements

Read Full Post »


Следам блогови за растителна исхрана од целиот свет, но најмногу од САД. Американските блогери овој тип на исхрана го имаат доведено на исто ниво како конвенционланата, односно скоро и да нема некој познат или нивни традиционален рецепт што не е претворен во милион растителни варијанти.

Amerikanska pita od tikva01.JPG

Се прашувам, зошто ние ретко се трудиме нашите традиционални рецепти да ги трансформираме во некоја поздрава варијанта и за тоа да пишуваме, да објавуваме фотографии и да дискутираме? Ама тоа е некоја друга тема. (more…)

Read Full Post »


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт.

Pecen karfiol na kineski.jpg

Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. Иако знам кои се карактеристики ги има, не сум баш сигурен во врска со неговот конзумирање во свежа форма. (more…)

Read Full Post »


Долго време не се ни обидував да направам лазања, затоа што не верував дека може да се состави од поздрави состојќи, воопшто да не се употреби масло, а да се добие богат вкус.

All-focus

Знам само дека кога првпат ја направив, дојдов од работа многу гладен и изедов малку повеќе, па во остатокот од денот не ни помислив на јадење. (more…)

Read Full Post »


Наутро, прво прашање – што за појадок? Што се однесува до појадокот знам да се се фатам за едно јадење и истото да го повторувам додека не ми досади. Првично кога се запознав со овесните снегулки (години, години наназад) ги јадев накиснати во јогурт со јаболко и банана. И само таа варијанта.

Peceni ovesni so jabolka.jpg

Кога го исфрлив јогуртот од исханата почнав да ги правам со вода и свежо и сушено овошје со засладувачи, затоа што ништо не можеше да ми ја долови крем текстурата од јогуртот. Па едно време им свртев грб, па потоа најубави ми беа само сварени со вода и некоја лажица путер од кикиритки. На крај и тоа ми досади. (more…)

Read Full Post »


По една стресна недела, како изминатава, најдобар начин да се вратиме во форма е да направиме нешто што ќе не релаксира, нешто што ќе ни биде слично на медитација. Една од активностите со таква намена за мене е готвењето. Посебно кога треба некое традиционално јадење да се претвори во вистинска храна.

Mitlof od oriz04.jpg

Meatloaf во САД, Hackbraten во Германија, Ρολό во Грција или ролат кај нас е варијација на иста тема. Едни го прават во калап, други го оформуваат со раце, кај едни се прави со варени јајца, кај други со додатоци како сланина или кашкавал со многу зачини, но секаде основата е иста – комбинација од мелено месо. А да го направиме со вистинска храна и основата да биде ориз? (more…)

Read Full Post »


Во последно време добив впечаток дека морам нешто ново да внесам кога подготвувам мешунки, посебно грав. Во ред, чорби, тавче гравче со милион варијации и сл. А бургери од грав?

bty

До сега бургери најчесто сум правел од леќа или од наут и со други мешунки не сум експериментирал. Знам дека еднаш се обидов со боранија и крајниот резултат беше катастрофа. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: