Archive for the ‘СУПИ’ Category


Да, оваа зима немавме вистинска зима, некако како од октомври да живееме во доцна есен и ништо повеќе (со исклучок на неколку недели). Сепак, навечер знае да биде свежо или студено, односно да се создаде идеална атмосфера за вкусна топла чорба.

All-focus

Зеленчуковите чорби или супи ми се опсесија. Одеднаш во организмот се внесува куп зеленчук, односно ми доаѓаат како некое бомбастично витаминско пакување. И што е најбитно, со супите и чорбите најлесно може да им се подметне зеленчук на оние кои многу не го сакаат во свежа форма, пред се на деца. (more…)

Read Full Post »


Декемрви… зима… на моменти ми студи само што ќе погледнам надвор. Очигледно е дека во зима  не се снаоѓам баш најдобро. На ова тмурно и магловито време, човек треба да подразмисли десетина пати пред да се реши да излезе надвор.

Крем супа со мирис на босилок

Во овој период од годината, најидеална ситуација е да си се подвиткате дома под ќебе, земајте една убава книга во раце, а покрај вас нека испарува миризлива, вкусна чорба.  (more…)

Read Full Post »


Откако го составив претходниот рецепт за лепчето од кисело тесто, добив доста критики дека сум објавил прекомплициран рецепт. Знам дека такво лепче ретко кој ќе се обиде да направи, но морав на некој начин да го искажам воодушевувањето од крајниот резултат.

Брза крем супа од тиква и моркови

Доволно беше експериментирање со ферментации и чекање по најмалку една недела да успее рецептот. Сега е сезона на тикви и ајде да ги искористиме за една убава, миризлива, брза и наједноставна супа полна со здравје. (more…)

Read Full Post »


Супа од наут и празВреме е да ви ја претставам најубавата крем супа на сите времиња (ако се исклучи крем супата од тиква). Ајде вака да почнам со приказнава, односно да ви објаснам зошто толку ми се слади последниот оваа и онака прекрасна чорба. Отидов на Питијада во мојот роден Велес. Бело тесто, сало и убиени животни (т.н. месо) на сите страни. А што правев јас на Питијада, кога раскрстив со питите пастрмајлии? Бев заангажиран околу музичкиот дел, но на крај излезе да соберам толку многу студ, па стопати се покајав што ја прифатив понудата.

Спас кога сте измрзнати е една убава супа, како што е оваа, направена од праз и наут. (more…)

Read Full Post »


Како на деца да им се подметне зеленчук? Одговорот е: со супа. Знам дека веднаш ќе добијам критики дека најдобро е децата да ги учиме да јадат свеж зеленчук, но верувајте, за да стигнете до целта треба да си ги искинете сите нерви и на крај најнајадени ќе бидат ѕидовите и подот. Вашето дете нема ни да вкуси (секоја чест за оние деца што јадат свежи салати).

Крем супа од тиква, брокула и карфиол

Размислувајќи како на моите двајца синови да им „подметнам“ зеленчук, посебно во есен кога настинките се најдоминантни, побарав по интернет и наидов на рецепт за крем супа од тиква. Најидеално во оваа супа е што тиквата, откако ќе се свари, се истакнува блажината на скоробот, а децата сакаат благи работи. Уште побитно: покрај благата тиква им подметнувате и кратко варени брокула и карфиол кои тие нема ни да ги забележат. Браво за тој што ја измислил! (more…)

Read Full Post »

%d bloggers like this: