Archive for the ‘ЛЕБОВИ’ Category


Кога станува збор за исхраната, тема на која има да изначитате рекорден број за и против аргументи е лебот. Едно време благословуван, денес пред се напаѓан и омаловажуван. Лебот дебелее, лебот не е здрав, јадењето леб е грев, лебот е полн со глутен, кој му штети на организмот, затоа треба да се исфрли… итн итн.

Мешан леб со кисел квасец

Мислам дека во целата оваа ситуација пак мешаме баби и жаби. Поточно, белиот леб на својот брат, вистинскиот леб му направи многу лоша услуга и му го сруши сето реноме што го имал со години. (more…)

Read Full Post »


Со оваа варијација на тема варени ѓевреци мислам дека поставив личен  рекорд како најчесто испробан рецепт за најкратко време.

Меки варени ѓевреци

Во еден момент на губење време, чепкав да разгледам што има ново на интернет и случајно налетав на ѓевреци кои изгледаа доста примамливо на фотографиите. (more…)

Read Full Post »


Во последно време опсесија ми се ѓевреците. Конкретно правам два вида, но овде го претставувам прво поедноставниот вид, затоа што оние другите се уште не ми се доволно усовршени. Веднаш штом добијам убава варијанта што ќе може и да се фотографира, ќе го откријам и тој рецепт.

Наједноставни варени ѓевречиња

Познавам многу љубители на варени ѓевреци, посебно на легендарните, охридските. Пребарував да најдам некој едноставен рецеп и се изненадив кога забележав дека најчесто се прават со масло и свинска маст, а некои варијанти вклучуваат и по некое јајце. Се прашувам, зошто во обичен варен ѓеврек да биде потребно масло, па и јајце! (more…)

Read Full Post »


Долго време читам и слушам за лепче од кисел квасец, кисело тесто, како се одржува киселиот квасец, колку е корисно самокиснетото тесто итн, но никако немав храброст и време да испробам нешто такво.

Леб од кисело тесто

До сега овде имам објавено две скратени варинати на самокиснето тесто, едно обично лепче и едно макробиотичко со ориз, но онаа вистинската варијанта некако постојано ја одбегнував. (more…)

Read Full Post »


Скоро безглутенски лебЛебот на македонското мени го има во секоја варијанта и во секоја пригода – за појадок, за ручек, за вечера, а во меѓувреме и во вид на некоја кифла за ужина. Луѓе не седнуваат да јадат без леб како придружба на оброкот. Од друга страна, лебот е и најнапаѓан производ од исхраната. Секој веднаш штом почнува диета, прво за што размислува е исфрлањето на лебот. Лебот се поврзува и со неподносливоста на глутен, односно станува скриено задоволство, нешто што гледаме да го избегнеме, а сепак сакаме да го јадеме. (more…)

Read Full Post »


Бесквасен лебНавистина многу време ми требаше од периодот на осмислување на овој пост до неговата реализација, најмногу поради тоа што во секојдневните оброци ретко конзумирам леб. Сепак сакам да имам замрзнато по некое парче за во зло време (гладен од работа, помошен дел во фазата појадок итн). Леб за мене НИКОГАШ не купувам. Ако ме видите во продавница со леб, знајте дека дома имам или ми се најавиле гости. За купечкиот леб веќе зборував колку е далеку од она што мислиме ние (посебно интегралниот), затоа најбезбеден ми е оној што ќе ми помине низ мои раце. (more…)

Read Full Post »


Макробиотички лебВчера (14 ноември) беше Светски ден за борба против дијабетесот, па малку задоцнето, решив да дадам мал придонес со овој ‘ржан леб. Лебот може да се направи со какво било интегрално брашно, но подоцна ќе ви кажам зошто го направив токму од ‘ржано. Прво, морам да спомнам нешто околу заблудата во врска со лебовите што се продаваат. Белиот леб од продавница од исхраната го исфрлив пред 7 години и не се сеќавам дека имав некои проблеми со тоа. На почетокот ми беше многу необично да јадам оборк без да биде придружуван со парче леб, па затоа јадев поголемо количество од другите состојки. По неколку месеци избегнување леб намалив 5 кг! (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: