ЗАЧИНЕТ ПЕЧЕН ГУНБАО КАРФИОЛ


Период е на зимски зеленчуци и овошја со кои пазарите се преплавени. Карфиолот, на пример, не само што го има во изобилство, туку се наоѓа и по доста ниска цена. Поради тоа мора да се прочепка по фолдери по архивирани рецепти што го содржат овој продукт. Искрено, јас и карфиолот имаме доста заплеткана врска. ИакоПродолжи со читање “ЗАЧИНЕТ ПЕЧЕН ГУНБАО КАРФИОЛ”

ЈОГУРТ ОД СОИНО МЛЕКО


Во лето имате страшна желба за таратор? Или сакате житарки со јогурт за појадок? Бакрдан со кисело млеко? Потсетување на детството со една убава пита со јогурт? Сега повторно можете да ги вратите овие вкусови на вашето мени и притоа да не чувствувате грижа на совест. Не, за вакво нешто не мора да се откажетеПродолжи со читање “ЈОГУРТ ОД СОИНО МЛЕКО”

МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК


Лето, како лето, високи температури, загушно време… Ни преостанува само да се жалиме колку ни е жешко, да се затвориме дома и нигде да не мрдаме… Или високите температури можеме продуктивно да ги искористиме. Всушност, јас на летото му се радувам и високите температури одвај ги чекам. Пешачам претпладне и попладне кога не е прејакоПродолжи со читање “МЕШАН СУВ ЗЕЛЕНЧУК”

ЛЕШНИКОВ ЧОКОЛАДЕН КРЕМ


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми). Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е онојПродолжи со читање “ЛЕШНИКОВ ЧОКОЛАДЕН КРЕМ”

СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ


Пред некое лето за првпат се обидов да сушам на сонце зеленчук и овошје и обидот помина со среден успех. Поточно доматите фатив да ги сушам на крајот на август кога денот се намали, а ни сонцето не грееше толку силно, така што обидот беше неуспешен, односно најголем дел од доматите мувлосаа. Минатото лето сеПродолжи со читање “СИРЕЊЕ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ”

ФЕТА ОД БАДЕМИ


Овој пост го пишувам поттикнат од две причини. Кога почнував да ја менувам исхраната, најтешко ми беше откажувањето од сирењето. Солено-кисело и мрсно, просто човек да стане зависен за цел живот! Но се случи и тоа, така што денес воопшто не копнеам по сирење, дури ако се случи некаде да пробам трошка, колку да сеПродолжи со читање “ФЕТА ОД БАДЕМИ”

МЕЗЕ ОД ПЕЧЕНИ БАМЈИ


Пиво или ракија никогаш не пијам! Поточно целосно сум скаран со алкохолот, кој не сум го сакал дури ни кога сум имал поинакви ставови за исхраната. Сепак, тоа не значи дека треба да се лишам од убаво, вкусно мезе. Разликата е во моментот кога го конзумирам. На додатокот во дневната исхрана наречен мезе најчесто гледам какоПродолжи со читање “МЕЗЕ ОД ПЕЧЕНИ БАМЈИ”

ПЕЧЕН ФАЛАФЕЛ СО СПАНАЌ


Секојдневно да се смислуваат оброци за цело семејство може да биде доста исцрпувачки. Притоа треба да се внимава состојките во оброците премногу да не се повторуваат, вкусовите да бидат различни и секој да биде најаден. Во ваква ситуација, посебно кога немате нешто многу инспирација, мора да ви влета некое јадење како џокер, за да спаситеПродолжи со читање “ПЕЧЕН ФАЛАФЕЛ СО СПАНАЌ”

ПАШТЕТА ОД МОДАР ПАЛИЏАН


Полека изминува сезоната на модрите патлиџани, па малку задоцнето, еве предлог како да ги искористите, макар што веќе потешко се наоѓаат на пазар. Рецептот го објавувам и затоа што добро ќе им дојде на оние кои си замрзнале за зимница печени модри патлиџани. Составот за паштетата е моја слободна интерпретација, откако на крајот од летото,Продолжи со читање “ПАШТЕТА ОД МОДАР ПАЛИЏАН”

ХУМУС (ОСНОВНА, НИСКОМАСЛЕНА ВАРИЈАНТА)


Хумусот е мачкало кое во секој момент треба да се има во фрижидер. Најлесно се употребува за појадок, ручек или вечера, како дел од сендвич, дел од главен оброк или самостојно со салата. Често правам варијации на тема хумус, затоа што и самиот рецепт нуди доста креација. Може да се додаваат и да се одземаатПродолжи со читање “ХУМУС (ОСНОВНА, НИСКОМАСЛЕНА ВАРИЈАНТА)”