Archive for the ‘ДЕСЕРТИ’ Category


Знам дека овошјето најдобро е да се конзумира свежо, но во лето го има на куп за доста ниски цени и што да се прави со вишокот во фрижидер? Џем! Не, не мислам на 100 степени да стоите со часови покрај шпорет и да чекате да се згусне џемот, а притоа вие да се чувствувате како да сте биле во сауна.

IMG_20170609_145304.jpg

Мислам на некоја брза варијанта, џем што ќе биде готов додека ги подготвувате палачинките за појадок. Овој е таков. (more…)

Read Full Post »


Следам блогови за растителна исхрана од целиот свет, но најмногу од САД. Американските блогери овој тип на исхрана го имаат доведено на исто ниво како конвенционланата, односно скоро и да нема некој познат или нивни традиционален рецепт што не е претворен во милион растителни варијанти.

Amerikanska pita od tikva01.JPG

Се прашувам, зошто ние ретко се трудиме нашите традиционални рецепти да ги трансформираме во некоја поздрава варијанта и за тоа да пишуваме, да објавуваме фотографии и да дискутираме? Ама тоа е некоја друга тема. (more…)

Read Full Post »


Во последно време многу се насочив да дискусии за диети, слабеење и сл, сега откако ја достигнавме идеалната тежина можеме да се почестиме со нешто покалорично. И тоа не што и да е, туку со хитот на секое лето – сладолед!!!

Kocki sladoled02.jpg

Зошто овој сладолед од јагоди не го нарекувам најбезбедна варијанта за диета? Затоа што ја содржи убиствената варијанта за диети – комбинација од масти со шеќер. Позитивно е што мастите доаѓаат исклучиво од јатки и од растително млеко (добро, еден дел и од какао путер), а шеќерот е дел од овошјето што се употребува и од агавето, чија количина може да се регулира. (more…)

Read Full Post »


Две работи на кои најмногу имам експериментирано откако преминав на некој поздрав начин на исхрана (откако преминав кон веганство) се оние кои најмногу ми недостасуваа – палачинки и чоколаден намаз (т.н. Нутела, но да не правиме рекалми).

Lesnikov cokoladen namaz02

Видете, на сите од време на време во животот ни треба вкусот на чоколадо. Посебно привлечен е оној момент од детството кога една лажичка чоколаен крем мачкате на леб или палачинки, и уште две длабоко брцнати во теглата завршуваат директно во вашата уста. (more…)

Read Full Post »


Знам, ме нема долго време. Многумина ми забележаа што сосема го запоставив блогот, посебно оние кои сакаат да испробаат поздрав начин на исхрана. Можеби причина беа обврските, а можеби и немав некоја голема инспирација за пишување, но сега еве ме пак! И тоа се враќам со чоколадна торта.

All-focus

Во овој период додека ме немаше со нови рецепти, всушност многу читав за готвење и гледав куп емисии и шоуа и дознав многу работи што воопшто не ми беа разјаснети, пред се во областа на слатките. Сфатив едно нешто, за да знам да изведам некој рецепт во поздрава варијанта, прво треба да видам или да научам како се прави конвенционално. (more…)

Read Full Post »


Честа ситуација дома на ладново време, посебно за викенд: „Ај направи нешто слатко!“ Мојот одговор е: „Немам ништо купено, не сум имал во план да правам слатки.“ Гласот околу мене е упорен: „Ај најди нешто од тоа што го има дома, на пример од кикиритки. Ама гледај да биде брзо, не ми се чека!“

Сникерс плочки

Аха, значи треба да се исполнат три услови – да биде вкусно, да биде составено од состојките што ги имам дома (по можност од кикиритки) и најбитно – да биде брзо!!! (more…)

Read Full Post »


Знам само дека помина уште една година и следната е со нова бројка – 2015-та. Технички е така, а во главата имам впечаток како годинава да траеше не 12 месеци, туку 12 денови – толку бргу ми летна. Всушност кога ќе подразмислам подетално и кога ќе разгледам некои фотографии, забележувам дека многу работи се случувале, само што во трката со времето ми се чини како да сум прелетал низ сите настани.

???????????????????????????????

На пример, ова беше година кога готвев за група доброволци кои сакаа да испробаат како е да се живее исклучиво на посна храна цел месец (проектот траеше скоро 3 месеци). Правев планови, набавував продукти и готвев и на крај дојдов до неколку заклучоци – многу луѓе се подготвени да го пробаат овој начин на исхрана, но малкумина се осмелуваат тоа да им стане животен стил, макар и за еден месец. (more…)

Read Full Post »

Older Posts »

%d bloggers like this: